• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Од која дупка се јави Путин

June 27, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од која дупка се јави Путин

June 27, 2023 10:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Кога во февруари 2022 година, руската војска стигна до предградијата на Кијив, а главниот град на Украина беше мета на секојдневни тешки артилериски и ракетни напади, руската пропагандна машинерија нашироко распространи токсични дезинформации дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со военото и политичкото раководство на Украина избегале од земјата.

Уште истата вечер, како демант на лагите на руската пропаганда, Зеленски објави селфи видео снимено на улиците на опколениот Кијив, заедно со високите државни функционери порачувајќи „Сите сме тука!“

16 месеци подоцна, во јуни 2023 година, Путин, исплашен од маршот на 25.000 платеници на Вагнер кон Москва, едноставно се сокри во глувчешка дупка. На социјалните мрежи се рашири вест дека тој уште истиот ден побегнал од Москва, дури и на социјалните мрежи се следеше трагата на неговиот авион како ја напушта територијата на Русија пред да исчезне од радарот, откако пилотот, наводно, го исклучил тракерот. Путин ни тогаш, ниту цели 3 дена подоцна, не собра храброст да се појави во јавноста и во живо да ги демантира „шпекулациите“. Тука не го сметаме неговото последно снимено обраќање, сокриен во некоја од тајните локации низ земјата, откако Пригожин веќе беше „повлечен“ во Белорусија, за што и не е потребна некоја особена храброст, и секако не докажува дека Путин е во Москва.

Рускиот диктатор едноставно исчезна од очите на јавноста веднаш откако се обрати до јавноста преку снимена објава (која многу личеше на монтажа), на почетокот на „пучот“ во кое ги молеше Русите да не ги поддржуваат Вагнеровците додека тие, речиси без испукан куршум освоија неколку области и тргнаа на марш кон Москва. Путин вети најостри казни за поттикнувачот на пучот, неговиот довчерашен миленик, Евгениј Пригожин, обвинувајќи го дека „му забил нож в грб“.

И додека неговите пропагандисти се прашуваа како „пучистите“ успеале толку бргу да се доближат до Москва, официјални лица во неделата, без да понудат никакви докази инсистираа на тоа дека Путин бил во Кремљ за време на најголемата закана за неговото 23-годишно владеење, и соопштија  дека тој нема да се појави во јавноста за да ги уверува Русите.

Тој си е во Москва, што има тука да се објаснува?

Наместо тоа, телевизиските канали контролирани од Кремљ го емитуваа драматичното обраќањето на рускиот претседател снимено претходно предходната недела, во кое тој зборуваше за зголемување на производството на оружје.

Малкуте руски опозициски веб- портали(сите во егзил) објавија дека претседателскиот авион на Путин полетал од Москва на ручек во саботата и полетал кон Санкт Петербург пред да го исклучи својот систем за следење околу регионот Твер, додека некои корисници на Твитер отидоа чекор подалеку и објавија дека Путин со авионот се упатил кон Казахстан, но не му било дозволен влез во земјата.

Како пожарникар кој ќе го гаси пожарот помеѓу довчерашните блиски соработници се појави белорускиот диктатор и близок соработник  на Путин, Александар Лукашенко, со чие посредство заврши „востанието“ во саботата вечерта, а Пригожин се согласи да се пресели во егзил во Белорусија, а неговите платеници се откажаа од походот, и се ставија на располагање на руското министерство за одбрана, со ветување дека нема да бидат гонети и казнети.

Со ваквиот развој на настаните, Путин уште еднаш си го проголта…зборот, и наместо најостра казна што ја вети за Пригожин, се согласи тој да си замине неказнето. И ова Путин секако го одмолча, скриен во својата дупка.

Но, иако битката за контрола на руската престолнина засега беше избегната, дури и најлојалните пропагандисти на Путин се запрашаа како неколку илјади платеници успеале да преминат во Русија од Украина, да заземат град со 1 милион луѓе и да се провозат 150 милји до Москва практично без противење.

„Ако тенковските колони напредуваат, зошто не се запрени? изјави Владимир Соловјов, еден од најголемите поддржувачи на политиката на Кремљ и војната во Украиан, за време на неговата редовна саботна емисија.

Одговор од Путин, се разбира, нема.

Имиџот на Путин, како силен лидер, возобновувач на руската империја, сега , се чини дека е неповратно нарушен.

Дополнително, изостана поддршката од руската елита, истата онаа плејада олигарси кои благодарение на Путин станаа екстремно богати, узурпирајќи ги национачните богатства на Русија, и за коиа исто така се тврдеше дека побегнале од Русија. И иако регионалните гувернери и поглаварот на Руската православна црква го поддржаа Путин, многу поважен беше недостатокот на вистинска поддршка од обичните луѓе, а исто така и од руските безбедносни служби.

И додека сите очекуваа дека по ова понижување Путин ќе сака јавно да ја покаже својата сила, и ќе излезе јавно да ги казни „неверниците“, него повторно го нема никаде.

Се чини дека единствено верни на рускиот диктатор му останаа домашниве путинољубци и русофили, кои по краткиот молк, додека им трепереа „срценцата“ од вестите дека на нивниот љубен “брат“ Путин му се заканува преврат, веднаш откако се прочу дека Вагнеровци се повлекуваат, излегоа од подрумите и таваните со тези дека се било договорено, дека ова го смислил самиот Путин кој е секогаш неколку чекори пред другите ( аха, сега ми станува јасно дека поради тоа што бил неколку чекори понапред со отпочнување на инвазијата врз Украина, затоа сега мора да се враќа повеќе чекори наназад…дури до Москва).

Но, Путин повторно го нема да се појави, и пред целокупната домашна и светска јавност да им се заблагодари за нивната слепа ( и во буквален смисол) поддршка.

Еден озлогласен историски лик, многу сличен на Путин, своите последни денови, соочен со неизбежниот пораз, ги помина сокриен во подземен бункер, далеку од очите на јавноста. Крајот сите го знаеме. А општо познато е дека историјата се повторува.

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Вагнер групаВладимир Путинпунинољупципучрусофили
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ