• Latest

Симовски: Бојкотирачите на пописот за да си ја исперат вината шират невистини дека податоците не се вистински

June 27, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Симовски: Бојкотирачите на пописот за да си ја исперат вината шират невистини дека податоците не се вистински

„Како може да не се точни податоците за тие 130.000 лица кои ги импутиравме (бидејќи го бојкотираа пописот), кога податоците се земени од регистри каде што се документирани. Единствено кај овие лица нема податок за тоа што е лично чувство, а тоа е етничката припадност, мајчиниот јазик и јазикот кој го говорат дома и вероисповед. Се друго е проверено и точно и е земено од базата на податоци. Ниту едно лице кое требаше да биде предмет на пописот не беше изоставен, и ниту едно лице кое нетребаше да биде предмет на попис не е вклучено во пописот“, потенцира Симовски.

June 27, 2023 14:49
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем демант на тие што го оспоруваа(т) пописот го даде Евростат, кој е репрезент на Европската унија, кои официјално изјавија дека пописот е спроведен според сите стандарди на ЕУ и на ОН, вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа, кој категорично ги отфрла сите обвинувања и дезинформации кои се објавуваат деновиве во одредени медиуми и социјалните мрежи во однос на валидноста на резултатите од пописот во 2021 година.

Тој вели дека имаме попис којшто е во целост со сите европски и светски стандарди и апсолутно треба и мора да им веруваме на резултатите добиени од пописот во 2021 година.

„Извештајот на Државниот завод за ревизија не се бави со методолошките работи, односно извештајот на ДЗР е во насока дали се запазени сите правни и финансиски моменти во врска со оваа голема статистичка активност. Никаде во извештајот не се даваат никакви сомневања или аргументации во однос на методолошките аспекти кои се всушност стручна проблематика“, вели Симовски.

Државниот завод за ревизија (на 21 јуни 2023 година) го објави извешатајот од извршената ревизија за „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“, при што констатираа дека освен за состојби во однос на начинот на донесување на дел од подзаконските и интерните акти, периодот на извршување на претходното попишување на одделни категории на лица, бројот на учесниците во пописот во однос на планираниот број, начинот и висината на утврдување на дел од надоместоците, периодот за кој е донесен финансискиот план како и состојбите во однос на јавните набавки, постапката на подготовка, организација, спроведување и објавување на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година е во согласност, во сите материјални аспекти со одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, подзаконските и интерните акти донесени за подготовка, организирање и спроведување на истиот. 

Симовски вели дека тие кои организираа бојкот и го опструираа пописот се истите тие кои денес за да си ја исперат вината велат дека податоците од пописот не се вистински бидејќи ДЗС импутирале 130.000 лица од дијаспората.

„Како може да не се точни податоците кога се земени од регистри каде што се документирани податоците. Единствено кај овие лица нема податок за тоа што е лично чувство, а тоа е етничката припадност, мајчиниот јазик и јазикот кој го говорат дома и вероисповед. Се друго е проверено и точно и е земено од базата на податоци. Ниту едно лице кое требаше да биде предмет на пописот не беше изоставен, и ниту едно лице кое нетребаше да биде предмет на попис не е вклучено во пописот“, потенцира Симовски.

Директорот на ДЗС вели дека не се точни натписите во медиумите и коментарите на социјалните мрежи во однос на податоците од пописот.

„И за време на пописот, но и за време на објавување на резултатите од пописот укажувавме и аргументиравме дека треба да се верува на пописот… Со комбинираниот метод што ние го спроведовме не само што не треба да се сомневаме во резултатите во овој попис, туку е директно потврдено квалитетот на податоците. Она што е најважно со ваквиот метод ни дава да имаме комплетен опфат, 100 отстотен опфат“, додава тој.

Симовски истакна дека и покрај проблемите со кои се соочија за време на пописот, сепак имавме успешен попис и денеска има огромна побарувачка за податоците на пописот.

Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ