• Latest
Фото: СЕП

Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД значајно за брзи реформи и напредок во процесот на преговори со ЕУ

July 5, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД значајно за брзи реформи и напредок во процесот на преговори со ЕУ

July 5, 2023 15:39
in ВЕСТИ
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Share on FacebookShare on Twitter

Билатералните односи, процесот на евроинтеграции, регионалната соработка и актуелни политички случувања во регионот биле теми на кои денеска дискутирале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во државава Ангела Агелер.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП),  Маричиќ кратко ја брифираше Агелер за текот на скрининг процесот, за изработката на Патоказите и кои се неговите очекувања во пресрет на добивањето на скрининг извештаите.

Во таа насока, посочува СЕП, Маричиќ укажа на следните чекори кои треба да се преземат за брз напредок во процесот, потенцирајќи дека значајна ќе биде поддршка на САД за европската иднина на Северна Македонија.

-Американската политичка и развојна поддршка и помош насочена кон зајакнување на демократијата, судските реформи, македонската економија и енергетскиот сектор во голема мера помага и придонесува што поскоро да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Маричиќ.

Амбасадорката Агелер, како што информира СЕП, изрази уверување дека САД и Северна Македонија имаат високо ниво на меѓусебни односи и дека во иднина ќе продолжат да работат на зајакнување на стратешкото партнерство, со фокус на исполнување на надворешнополитичкиот приоритет на Северна Македонија и на создавање услови за ново приближување кон ЕУ, до крајот на годината.

-Маричиќ на средбата, која ја реализира во пресрет на неговата официјална посета на Вашингтон, ја информираше амбасадорката на САД и за активностите и плановите на Владата за исполнување на реформските приоритети, како дел од европска агенда, пред сè во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Од страна на Маричиќ беше посочено дека е важно за европската перспектива на Северна Македонија да продолжи континуираната поддршка од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои досега, како што кажа тој, „во добар дел придонесоа да се постигнат значајни резултати во повеќе области“, кои се заеднички придонес на двете земји во забрзувањето на процесот за членство во ЕУ.

Tags: АгелерЕУМаричиќСАДСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ