• Latest
Фото: Фејсбук

Османи во Стразбур на средби со Мијатовиќ и Пејчиновиќ-Буриќ

July 5, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Османи во Стразбур на средби со Мијатовиќ и Пејчиновиќ-Буриќ

July 5, 2023 20:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска во Стразбур оствари средби со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

Османи претходно денеска се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), каде ги претстави осегашните активности во својство на претседавач на ОБСЕ, при тоа како клучни ги издвои посетите на Украина, Молдавија, Јужен Кавказ, како и на Србија и на Косово, потенцирајќи ја и континуираната работа на ОБСЕ во овие клучни региони за Организацијата.

-Приоритетите на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ: градење доверба и помирување, антикорупција и добро владеење се многу слични со тие на Советот на Европа. Токму затоа, нашата соработка има уште поголемо значење.
Со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, разговаравме како нашите организации да ја продолжат заедничката работа со крајна цел обезбедување на стабилност и безбедност во Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ, напиша Османи на Фејсбук.

Додаде дека соработката е видлива и преку формалните и неформалните партнерства помеѓу теренски мисии и канцелариите на СЕ.

-Потврда за тоа се активностите фокусирани на помирувањето и подобрувањето на интегрираното образование во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија, промоцијата на човековите права и владеење на правото во Србија и во Таџикистан и борбата против родово заснованото насилство во ЈИЕ. Овие партнерства се суштински за максимизирање на бенефитите за луѓето, додава Османи во објавата.

Информира дека на средбата со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Мијатовиќ, разговарале за областите во кои ОБСЕ и СЕ соработуваат, но и за нејзината претходна позиција како претставничка на ОБСЕ за Слобода на медиумите.

-Советот на Европа дава силна поддршка на институциите на Северна Македонија во насока на постигнување целосна усогласеност со европските стандарди и вредности во областите на демократијата, човековите права и владеењето на правото. И покрај различните предизвици, низ годините развивме добри практики кога станува збор за толеранцијата, недискриминацијата, почитувањето и заштитата на правата и слободите на поединци со различна етничка припадност што ја направи Северна Македонија пример за мултифункционално демократско општество, напиша Османи на Фејсбук.

Додава дека во моменталниот гео-политички, контекст од особено значење е и ЕУ да донесе кредибилни одлуки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Tags: Бујар ОсманиДуња МијатовиќМарија Пејчиновиќ-БуриќОБСЕСовет на ЕвропаСразбурчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ