• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Тирана неформална средба на лидерите од Западен Балкан; Албанија со најголема урбано-рурална сиромаштија и нееднаквост во Европа; Косово купи беспилотно летало „Бајрактар“

July 17, 2023
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Тирана неформална средба на лидерите од Западен Балкан; Албанија со најголема урбано-рурална сиромаштија и нееднаквост во Европа; Косово купи беспилотно летало „Бајрактар“

July 17, 2023 11:43
in AL-PRESS, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска ќе се  одржи неформална средба помеѓу лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлински процес. На средбата нема да учествува косовскиот премиер Албин Курти, поради присуство на конференција во Крит, а на неговиот супститут за средбата,  вицепремиерот Бесник Бислими, му е одбиено учеството поради несоодветно ниво на позиција. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Лидерите на Западен Балкан на неформална средба во Тирана

„Неформална средба на лидерите на Западен Балкан  ќе се одржи денеска во Тирана. На оваа средба се очекува да присуствува и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Средбата треба да се одржи во рамките на подготовките за самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во главниот град на Албанија на 16 октомври.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, чија земја го предводи Берлинскиот процес годинава, ја најави неформалната средба за време на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, пред неколку дена.“, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Телеграфи – Евростат: Албанија со најголема урбано-рурална сиромаштија и нееднаквост во Европа

„Албанија е меѓу земјите со најголем процент на население во ризик од сиромаштија во Европа, но има и голем диспаритет меѓу населението во ризик од сиромаштија по место на живеење, рурално-град.

Евростат посочува дека Албанија има високо ниво на население во ризик од сиромаштија во големите градови, вклучувајќи го и главниот град. Во Албанија, речиси 45 отсто од населението во овие региони е во ризик од сиромаштија, што е највисоко ниво во Европа.“, пренесе Телеграфи.

Ора Њуз: Една година откако беше прогласен за „нон грата“ од Велика Британија, Бериша денеска ја открива својата „вистина“

“Поранешниот премиер Сали Бериша најави дека денеска ќе одржи специјална конференција за прашањето за декларацијата „нон грата“ на Велика Британија.

Поканата испратена до новинарите е насловена: „Вистината за нон гратата на Сали Бериша“ придружена со фразата „Транснационалната корупција на функционерите како оружје за уништување на опозицијата“, пренесе Ора Њуз.

КОСОВО

Коха: Косово купи  беспилотно летало „Бајрактар“

„Косовскиот премиер Албин Курти во неделата потврди дека Косово го купило дронот Bayraktar TB-2 од Турција.

Преку објава на Фејсбук, Курти е виден во близина на беспилотните летала, заедно со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај и командантот на Косовските безбедносни сили (ФСК), Башким Јашари.“, пренесе Коха.

РТВ 21: Курти нема да  учествува на состанокот на регионалните лидери во Тирана

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Круезиу, потврди дека премиерот Албин Курти нема да присуствува на неформалната средба што денеска ја свика шефот на албанската влада Еди Рама со шефовите на земјите од регионот.

Преку објава на Фејсбук, Круезиу пишува дека Курти го известил Рама дека нема да може да учествува на средбата, бидејќи е на конференција на Крит, Грција, пренесе РТВ 21.

“Сепак, Курти преку вицепремиерот Бесник Бислими го потврди учеството на Косово на средбата во Тирана. Но, ниту Бислими нема да може да учествува, бидејќи беше одбиен бидејќи неговото ниво е споредно и не одговара за денешната средба, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Нема потреба од политички избалансирана правда, туку за еднаков  стандард за секое кривично дело

Од начинот на кој функционира новата правда за истрагите, не гледам проблем во тоа што делува само против социјалистите на власт. На крајот на краиштата, тие се полесна мета за истрага и судење бидејќи тие владеат. Она што тој го гледа како проблем се преседаните што ги создаваат со истрагата и казнувањето на корупцијата, што ја создава идејата за селективни ставови под политичко влијание.

Не гледам никаков проблем зошто се испитуваат и судат само социјалисти, туку зошто за кривично дело што се води истрага за социјалист, друг социјалист или поранешен демократски функционер не е засегнат, или воопшто не се истражува.“, пишува авторот Меро Базе во колумната „Нема потреба од политички избалансирана правда, туку за еднаков  стандард за секое кривично дело“, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ