• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Ако се патриоти, ќе гласаат ЗА

July 25, 2023

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Ако се патриоти, ќе гласаат ЗА

Уставни измени: Процесот почна, кои се трите главни поенти и дали вмро-дпмНЕ ќе опстане ако остане антиевропска партија?

July 25, 2023 16:59
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Добро е да се запомни денот кога почна расплетот на драмата што ја предизвикува вмро-дпмНЕ во обидот да дојде до власт, под лажниот изговор дека го бранат македонскиот идентитет.

Предлогот на владата за уставни измени стаса во парламентот (комисија за уставни прашања). Првиот ден од расправата го одбележа остра спротивставеност меѓу презентацијата од проевропскиот премиер Ковачевски наспроти вмро-дпмНЕ кои ни малку не отстапуваат од својот црн вокабулар и обвинувањата за предавство.

Кои се трите главни поенти за денеска?

Прво: Нови шест заедници во Уставот, нема никакво загрозување на македонскиот идентитет

Во Уставот се додаваат уште шест заедници – бугарска, хрватска, црногорска, словенечка, еврејска, и египќанска. Нема – ама баш никаква – опасност за загрозување на македонскиот идентитет. Обратното тврдење е апсурдно.

Впрочем, не е никаква новост – идентитетот на Македонците е заштитен и со низа други претходни одлуки, спогодби и процеси кои ги поведе уште експремиерот Зоран Заев, а ги продолжи, па и засили владата на актуелниот премиер Ковачевски.

Второ: Уставните измени се победа на европската ориентација на земјата

Со уставните измени ќе се оневозможат злонамерните потези на бугарската политика. Обратното е поддршка за бугарската блокада и оддалечување на земјата од ЕУ патеката. Уставните измени се победа на европската ориентација на земјата. Обратното е изолација.

Ова е одлична шанса за Северна Македонија да го исполни децениската заложба – зачленување во ЕУ. Заштита на националните интереси. Особено откако Унијата, по почетокот на руската агресија против Украина, го смета проширувањето како потреба и фактор на стабилност и безбедност, а не само како трошок.

Трето: Подобар договор нема и нема да има

Подобар договор, подобри услови од овие што се на масата – нема да има. Не ни може да има. Го пропуштивме возот кога на него се качи Хрватска, пред десет години. Ова е нова шанса што нема да се повтори.

Слушнавме разумна и детална аргументација од премиерот Ковачевски. Не од лидер на партија, туку од првиот човек на владата одговорна за интересот на целата земја, вклучително и сдсмовци и вмровци. Ако некој и се сомневал досега, доволно е да ги слушне аргументите на Ковачевски со ладна глава.

Каде сме сега?

Сега сме на перонот со Албанија, а возот забревтано пристигнува на станицата. Албанија ќе се качи, со или без нас.

Ако ние не се качиме на возот за Европа, заедно со Албанија, прашање е кога, па и дали некогаш ќе имаме нова шанса. Можеби некогаш и ќе добиеме нова можност, но сигурно не ваква и сигурно по сосема поинаква (висока) цена, особено по она за што „патриотите“ велат дека го бранат.

Меѓу апетитите за власт и интересите на државата

Ако се патриоти, ќе престанат со срамниот циркус и ќе гласаат ЗА. Нема што повеќе да се додаде или одземе од овој став. Тоа е.

Но тоа, веројатно, е помалку важно за вмро-дпмНЕ. Главна цел им е да дојдат на власт. Дури и по цена на упропастување на државата. За вмро-дпмНЕ, апетитите за власт се неограничени, интересот на државата е само флоскула.

Дел од нив (вмро) добро знаат: Вака не се доаѓа на власт.

Тие што го знаат тоа, ќе бидат дел од вистински патриотска политичка структура, без НЕ во името. Што значи, сосема е извесно – вмро-дпмНЕ нема да опстане ако го задржи антиевропскиот курс. Или ќе се редуцира во минијатурна пајтон партија како онаа на фашистчето.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУ интеграцииуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ