• Latest

Стартува мисијата на ЕК за оценка на правосудниот систем во земјава

July 27, 2023
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Стартува мисијата на ЕК за оценка на правосудниот систем во земјава

July 27, 2023 09:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија е многу загрижена за последните случувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија, особено во однос на Судскиот совет и за таа цел во земјата испраќа оценска мисија за неговата работа, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, во пресрет на денешниот почеток на дводневната посета на шефот на мисијата, Бранко Хрватин на Скопје.

– Советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и да биде заштитен од несоодветно влијание. Со оглед на најновите случувања поврзани со Судскиот совет, Комисијата ќе испрати мисија за оценување на работата на Судскиот совет и неговата правна рамка, со цел дополнително да се зајакне транспарентноста, независноста и кредибилитетот на Советот, вклучително и на неговите членови, вели Писонеро.

Со престојот на првиот човек на оценската мисија, Хрватин, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска, официјално ќе биде означен почетокот на нејзината работа.

На барањето да коментира некои критики дека е омекнат тонот во извештаите од овогодинешниот пакет за проширување во однос на владеењето на правото, Писонеро рече дека „приоритетите на ЕУ во З

Според најавите, прво ќе биде идентификуван обемот на работата што ќе ја врши оценската мисија, по што таа ќе биде комплетирана од тим од експерти од земјите членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат земјава.

Писонеро во изјавата за МИА додава дека Комисијата внимателно ја следи ситуацијата во земјава во врска со спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ и за тоа дава оценка во своите годишни извештаи за проширувањето.

– Тие, исто така, темелно се адресирани во скринингот, како дел од процесот на пристапни преговори. Скринингот треба да се искористи во целиот потенцијал за да се забрзаат ЕУ реформите, додава Писонеро.

Доколку се направат уставните измени, тогаш следниот чекор ќе биде по автоматизам, без можност за вето и дополнителни одлуки, вели во интервју за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир.

Оценската мисија претходно во интервју за МИА ја најави и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, кој изјави дека препораките што ќе произлезат од мисијата, би требало да го зајакнат Судскиот совет да си ги врши своите задачи.

– Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја врши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите, нагласи евроамбасадорот Гир во интервјуто за МИА.

Tags: ЕКЕУсудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ