ЗОРАН ИВАНОВ
Добро прашање, навистина во кој и од кој кластер се контрашите изолатори на Македонија кои, кажано во една реченица, свесно, полусвесно, несвесно, од петни жили се обидуваат земјава пак да ја втурнат во децениските бугарски негаторски атари и сакајќи, несакајќи, да се стават на линијата на бугарската историска асимилаторска доктрина и, онака самоиловски заслепено, да ги следат своите авторитети, според онаа народната еден оди, сто води, зашто е навистина несфатливо да не видат дека делот припадници на нашиот источен сосед во уставот се само онаа нужна алатката за конечно, со европската институционална помош, Татковината да почне со реформите и бар малку да се помести од коруптивната реа или пак, скраја да е, целта им е токму тоа, да го одржат криминалниот транзициски амбиент во кој, додека сѐ уште никој не ги прашува за парите и додека се брчкаат по средноморскине „ол инклузив“ дестинации без ЕУ контрола, махерите од матното комотно да продолжат да ги шиткаат конструираните партиски гачки за идентитетот па, оттука, и логичното: навистина, од кој пак кластер се тие?