• Latest

Утре започнува процесот на сослушување на уапсените за убиството на навивачот на АЕК

August 10, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Утре започнува процесот на сослушување на уапсените за убиството на навивачот на АЕК

August 10, 2023 10:41
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Уапсените 104 лица за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот навечер, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, од утре до недела ќе бидат изведени пред истражен судија каде што ќе дадат исказ и ќе бидат сослушани, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсените, од кои над 90 се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб, вчера побарале и добиле дополнително време за да ги разгледаат обвиненијата за кои се товарат и да ја подготват својата одбрана, додека процесот на сослушување се очекува да биде маратонски и да трае три дена, а уапсените, според грчките медиуми, ќе влегуваат во групи од 10-12 лица.

Грчката телевизија ЕРТ, повикувајќи се на свои извори објави дека хрватските навивачи ќе се бранат со тврдењето дека не поседувале ножеви, ниту некој ги снабдил со ножеви.

Паралелно, според ЕРТ, истражниот судија наредил од сите уапсени да се земе генетски материјал.

За четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал… се товарат уапсените 104 лица.

Грчките медиуми објавија дел од полицискиот извештај за доказите околу стадионот на АЕК по инцидентите, според кој полицијата пронашла: дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто така со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики и друго.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЕКГрцијаДинамо ЗагребХрватска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result