• Latest

Лога: Присуството на седници, без право на глас, не влијае на носењето одлуки на Судскиот совет

August 30, 2023

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога: Присуството на седници, без право на глас, не влијае на носењето одлуки на Судскиот совет

August 30, 2023 14:06
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Присуството на министерот за правда на седници, без право на глас, не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет (СС), наведува министерот за правда Кренар Лога во соопштение  откако денеска беше укажано дека тој како член по функција на СС не го известува ова тело за отсуства од седниците.

Лога потсетува дека во изминатите години неколку министри за правда не присуствувале на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело.

– Веднаш по стапувањето на функцијата министер го известив Судскиот совет и побарав да се почитува препораката на ГРЕКО и да се интервенира во Уставот со бришење на оваа одредба, во спротивно најавив дека ќе присуствувам на сите седници на Судскиот совет на кои имам право како член по функција затоа што Уставот мора да се почитува, наведува Лога.

Со писмен допис, дополнува, го информирав  Судскиот совет да направи разграничување на седниците и да ме информира за оние на кои можам да присуствувам.

-Како што е наведено во Законот, членовите на Советот по функција  не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд. Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посeтата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања, одлучив да не присуствувам на седниците исто како што тоа го правеа моите претходници, стои во соопштението од Министерството за правда.

На денешната седница на Судскиот совет беше посочено дека министерот за правда Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, кои се членови по функција на СС, иако уредно поканети не се присутни и не го известиле советот за нивното отсуство.

Tags: ЛогаМинистерство за правдаСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ