• Latest

24 ЧАСА: Владата со предлог за намалување на затворските казни на функционерите; жените да бидат неразделен дел од безбедносната архитектура; политичките транспаренти го фрлија во втор план револтот на граѓаните за случајот „Онкологија“

September 6, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Владата со предлог за намалување на затворските казни на функционерите; жените да бидат неразделен дел од безбедносната архитектура; политичките транспаренти го фрлија во втор план револтот на граѓаните за случајот „Онкологија“

September 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата со европско знаменце предлага намалување на затворските казни на функционерите

Вчера попладне во Собранието експресно се закажа  собраниската Kомисија за европски прашања на која во процедура со „европско знаменце“ власта сака да го смени Кривичниот законик. Со оваа промена Владата предлага намалување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „злосторничко здружување“.

Со една од промените се предвидува дека сторителот ќе се казни со казна затвор од една од 4 години, што значи дека се воведува горна граница, од која се пресметува застареност. Во актуелното законско решение, нема горна граница, туку санкцијата е дефинирана на најмалку 3 години, што значи дека горната граница се поставува на 20 години.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура

„Жените имаат многу важна улога, учествувајќи во мировни преговори и во процесите на донесување одлуки. И, тука не зборуваме за бројки, туку за клучни вредности и квалитет. Зборуваме за градење и позиционирање на жени – лидери кои го користат својот интелект, вештини и потенцијал за градење на одржлив мир. Клучната карактеристика на жените – лидери е нивната храброст и, тоа е нешто што можеме да го видиме секој ден преку храбрата борба на украинските жени, цивили и во униформа, за слободата на нивната држава и безбедноста на украинскиот народ, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на конференцијата организирана од македонското претседавање со ОБСЕ посветена на „Родовата еднаквост и еманципација на жените.

Министерката подвлече дека не смееме да дозволиме жени – професионалци во своите области, кои работат неуморно и посветено, да останат незабележани и, дека мораме да работиме посветено за женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Куба ја обвини Русија дека регрутира нејзини граѓани за воени операции во Украина

Куба откри синџир на трговија со луѓе чија цел е да регрутира Кубанци да се борат како платеници за Русија во нејзината војна во Украина, додека Москва се обидува да ја зголеми големината на своите сили, соопшти кубанското МНР.

Во соопштението, кубанското Министерство за надворешни работи објави дека властите работат на „неутрализирање и демонтирање“ на мрежата, за која рече дека работи во рамките на карипската островска држава и во Русија, пренесува Гардијан.

*

„Смртта на противникот на рускиот претседател Владимир Путин не е нешто ново во историјата на Русија. Повеќе од 20 критичари и противници на Путин се убиени или умреа во сомнителни околности од 2000 година наваму.

Сепак, смртта на Евгениј Пригожин, основачот на руската озлогласена платеничка група „Вагнер“ и некогаш доверлив човек на Путин, некои аналитичари ја гледаат како пресуден момент, пренесува Кијив Индипендент. Ова е прв пат кога наводно бил убиен член на потесниот круг на Путин. Некои тоа го гледаат како јасен знак за раскол во политичката елита.“, се наведува меѓу другото во анализата „Смртта на Пригожин последна во серијата нерасчистени убиства во путиновата Русија, што е следно?“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АУКЦИЈА Агенцијата за управување со одземен имот успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

ОТА БЕЗ ДИРЕКТОР Директорот на ОТА Зоран Ангеловски вчера закажа прес-конференција, која требаше да се одржи денеска пред Собранието, но изутринава настанот беше откажан. Мандатот на Ангеловски истекува утре, а во денешното соопштение на ОТА се наведува дека прес-конференцијата се одложува поради итни и неодложни работи.

САНАЦИЈА Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

ИН МЕМОРИАМ Ферид Мурад, албанскиот нобеловец од Северна Македонија, почина на 87-годишна возраст. Тој живеел и дејствувал во САД, а предавал на најеминентните универзитети во Америка и пошироко. Во 1998 година, заедно со двајца колеги, ја доби Нобеловата награда за физиологија/медицина за откритија во врска со улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем.

АЛ- ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот – Олеснети царинските процедури помеѓу Албанија и Косово; Курти ќе сведочи во случај со осомничен за воени злосторства; се обедини албанската опозиција

ПРОПАГАНДА

„Скандалот со злоупотребата на лековите на Клиниката за онкологија веќе неколку дена ја бранува јавноста, откако Министерството за внатрешни работи и Обвинителство отворија предистражна постапка по пишувањата на медиумите „Слободен Печат“ и „Фокус“ дека има сомнежи оти на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом (рак), кои наместо лек добивале физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар“, се наведува меѓу другото во анализата под наслов „Маските, качулките, јајцата и политичките транспаренти го фрлија во втор план револтот на граѓаните за случајот „Онкологија“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Може многу да се зборува, но може сето и во една реченица на темата моралните вредности на актуелното македонско општество, посебно меѓу интелектуалците, јавните личности, посебно меѓу наставниците и најпосебно кај универзитетските професори, кај тој слој едукатори кои се или кои барем би требало да бидат реперот на моралните стандарди, чувари и негувачи на традициите…“ , пишува Зоран Иванов во колумната “Неморалниот молк на моралните“.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ