• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Украинска новинарка побара признавање на косовската независност; САД нема да дозволат „Република Српска“ во Косово, Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

September 21, 2023

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Украинска новинарка побара признавање на косовската независност; САД нема да дозволат „Република Српска“ во Косово, Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

September 21, 2023 11:14
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор, и дека САД нема да дозволат нова „Република Српска“ во Косово, пренесуваат косовските медиуми. Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа заедничка изјава за безусловна поддршка на Украина, пишуваат албанските медиуми.

Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес – Украинска новинарка побара признавање на независноста на Косово: Мора да се бориме против руската пропаганда

„Украинската новинарка Ирина Синелник, која побара да се признае независноста на Косово, од нејзината земја ги покажа тешкотиите во известувањето по руската воена агресија која започна во февруари 2022 година.

Синелник во една статија вели дека локалните медиуми се неопходни за известување во време на војна. Тие често се единствените извори на информации за жителите на заедницата, токму локални информации. И ова е фронт, само информативен“, напиша Синелник.

Таа истакнува дека социјалните мрежи и телевизијата биле главните извори на информации во тоа време.“, пренесе Газета Експрес.

Ора Њуз -Ховениер: САД нема да дозволат Заедница како Република Српска! Чекорите на Косово за подобрување на ситуацијата, недоволни

„Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор за нормализација на односите. Според него, Косово треба да почне да го придвижува Заедницата на општини со српско мнозинство и „ова треба да биде меѓу првите чекори“, пренесе Ора Њуз.

Бота Прес – Вучиќ му одговори на Свечла: Ќе видиме кој кого ќе уапси, кој последен се смее, најслатко се смее

Александар Вучиќ реагираше до министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, кој предупреди дека српскиот претседател може да биде уапсен доколку без дозвола влезе во Косово.

„На крајот ќе видиме кој кого ќе уапси“, рекол Вучиќ од Њујорк, пренесуваат српските медиуми.

По последната средба со премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел, Вучиќ предупреди на можноста да ја посети Грачаница, но, како што рече, доколку му биде дозволен влез, пренесуа Бота Прес.

АЛБАНИЈА

Дебат: Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

Премиерот на Албанија, Еди Рама, потпиша заедничка изјава со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за безусловна поддршка на Украина.

Оваа декларација беше потпишана во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк среда, пренесе Дебат.

АБЦ Њуз -Амбасада на САД: Не е наша должност да избираме кој ќе ги води политичките партии во Албанија

Американската амбасада овој четврток реагираше во врска со судирите во Демократската партија за шефот на пратеничката група на Демократската партија.

Во одговорот на амбасадата се наведува дека тие веруваат дека функционалните демократски институции, вклучително и опозицијата, се од витално значење за секоја здрава демократија.

Во реакцијата се нагласува и дека улогата на амбасадата не е да избира кој ги води политичките партии во Албанија, пренесе АБЦ Њуз.

КОЛУМНА

ИНА: Тајното танго помеѓу  СДСМ-ВМРО, пазарењата за Груевски, Мијалков и останатите од бандата!

„Јавната пресметка меѓу шефовите на ВМРО, Христијан Мицковски и Никола Груевски за валканите зделки со власта, јасно покажува дека нешто се подготвува за простување и амнестија на големиот криминал.

Како што изгледа, сценариото и пазарењето е според сегашните стандарди: „Ви простуваме и амнестираме за минатото, а во иднина не чепкајте“.

Сето тоа благодарение на патот кон, и вредностите во ЕУ. Наше е да ја затвориме целата нечистотија пред да влезам во ЕУ!“, пишува авторот Насер Пајазити во колумната „Тајното танго помеѓу  СДСМ-ВМРО, пазарењата за Груевски, Мијалков и останатите од бандата!“, објавена во ИНА.

Подготви: Д. Тахири 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ