• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН; Османи порача ЕУ да ги награди проевропските земји; Вучиќ може да биде казнет ако оди во Косово без дозвола од Свечла

September 20, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН; Османи порача ЕУ да ги награди проевропските земји; Вучиќ може да биде казнет ако оди во Косово без дозвола од Свечла

September 20, 2023 12:02
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска Албанија претседава со отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност во Обединетите нации, а албанскиот премиер Рама ќе ја води дебатата, пишуваат албанските медиуми.  Косовската претседателка, Вјоса Османи, која престојува во Њујорк каде се одржува 78-та сесија на Собранието на Обединетите нации, учествуваше на ручек организиран од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност г. Жозеп Борел, на која средба побара забрзување на евроинтегративниот процес за земјите од Западен Балкан. Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена дека наскоро ќе го посети Косово. Доколку влезе во Косово без дозвола, Свечла рече дека ќе го уапсат Вучиќ, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Политико: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН, Рама ја води дебатата

Денеска Албанија претседава со отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност во Обединетите нации.

Отворената дебата во Советот за безбедност, која ќе ја води премиерот Еди Рама, ќе се фокусира на темите безбедност, мир и војна во Украина.

Премиерот Рама ќе ја води отворената дебата заедно со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и американскиот претседател Џо Бајден, пренесе Политико.

Албеу: Републиканските пратеници го обвинуваат Министерството за правда дека ги ублажува случаите на Мекгонигал за да го заштити ФБИ

„Судскиот комитет на Претставничкиот дом во Конгресот на Соединетите Американски Држави изразува загриженост за можноста за договори за признавање на вината против поранешниот функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, во два случаи против него, како обид да се сокрие обемот на прекршувањата, него, за да се заштити угледот на ФБИ.

Претседателот на Комитетот, републиканскиот пратеник Џим Џордан, во вторникот напиша во писмо до директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, дека комитетот ги истражува наводите „за политизација и пристрасност во ФБИ во врска со кривичното дело против поранешниот специјален агент Чарлс Мекгонигал“, пренесе Албеу.

КОСОВО

Сури -Османи на заеднички ручек на Жозеп Борел: ЕУ да ги награди проевропските земји

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, која престојува во Њујорк каде се одржува 78-та сесија на Собранието на Обединетите нации, учествуваше на ручек организиран од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност г. Жозеп Борел.

На оваа средба се разговараше за регионалната соработка и за забрзување на евроинтегративниот процес за земјите од Западен Балкан, пренесе Сури.

Газета Експрес – Свечла предупредува: Ќе го уапсиме Вучиќ ако дојде во Косово без дозвола за посета

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена дека наскоро ќе го посети Косово. Доколку влезе во Косово без дозвола, Свечла рече дека ќе го уапсат Вучиќ.

„Со дозвола, до премиерот, мене без дозвола“, изјави Свечла на АТВ.

На прашањето дали вели дека ќе го уапсат Вучиќ, Свечла рече дека секој што ќе влезе на територијата на Косово без дозвола ќе биде уапсен, вклучително и српскиот претседател.

„Доколку има барање, дали да му се даде дозвола на Вучиќ или не, тоа е прашање на одлучување. А, за без дозвола, тогаш се знае кои институции се занимаваат со тоа“, пренесе Газета Експрес.

Клан Косова: Уапсен службеник на ТАК, се сомнева дека ја злоупотребил службената положба

Полицијата уапси службеник на Даночната управа на Косово.

Во 24-часовниот полициски извештај се открива дека истото лице е осомничено за злоупотреба на службената положба. Со решение на обвинител, осомничениот е приведен, пренесе Клан Косова.

КОЛУМНА

Сури Косова: Азербејџан и Ерменија во војна, дали е на ред Косово?

„Ерменија тешко може да смета на поддршката од Русија, Индија, Иран или ЕУ, а тука само САД можат да интервенираат како во случајот со Босна (Бошњаците ги оставија сами на себе сите Европејци). Во овој судир во судирите кој ги поттикнува овие партии да војуваат? Дали нивните сметки се засноваат на странски стратегии или домашни интереси? Русија како посредник речиси се повлече со своите војници во коридорот на Лашин!

Таму ситуацијата по војната што се случува во Украина, изгледа дава сигнал дека следното жариште за војна би можело да биде Косово! Кој ги поттикнува и подготвува овие умови да војуваат во време на геополитички превирања?“, пишува авторот Гуракуч Кучи, доктор на полето на меѓународните односи и историјата на дипломатијата, член на раководниот кадар на Албанскиот институт за геополитика, во колумната „Азербејџан и Ерменија во војна, дали е на ред Косово?“, објавена во косовскиот портал Сури  Косова.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ