• Latest
ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

Извештај за човековите права во земјава за 2022 презентиран во Собранието

September 22, 2023
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Извештај за човековите права во земјава за 2022 презентиран во Собранието

September 22, 2023 15:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Произведуваме многу закони, трчаме и брзаме како да се усогласиме со европското законодавство, но фундаменталните права на лицата со попреченост сосема паднале наместо да се во иста линија со правата на останатите и ги нема ни на агенда. Сите закони кои се носат сега и се донесоа минатата година не се усогласија со обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, истакна Елена Кочоска, која ги соопшти наодите за правата на лицата со попреченост содржани во Годишниот извештај за 2022 за човековите права во земјава.

Извештајот го направи Институтот за европска политика-Скопје, кој од 2018 е истражувачки партнер на Агенцијата за темелни права на Европската Унија во изработката на годишни извештаи за состојбата на човековите права во државава. Агенцијата на ЕУ во јуни ги објавува извештаите за сите 27 земји членки, вклучително и за Северна Македонија, Србија и Албанија.

Извештајот за нашата земја, кој покрива шест области, беше претставен во Собранието. Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика – Скопје се заблагодари што првпат по шест години наодите од извештајот се претставуваат во законодавниот дом.

Кочовска, која е авторка на поглавјето во Извештајот „Развои во врска со спроведувањето на Конвенцијата за права на лица со попреченост“  рече дека „на виделина се континуирано случаи на говор на омраза по основ на попреченост“, но нашиот Кривичен законик тоа не го препознава и кривичната постапка не е усогласена со обврските од Конвенцијата.

Таа укажа дека лицата со попреченост не го остваруваат правото на независен живот и дека тоа право не е само во „префрлањето на луѓето од една институција во мали групни домови“ кои, рече, се сметаат за дискриминација по основ на попреченост.

-Правото на независен живот не е само преселбата, туку тоа ги опфаќа и граѓанските и политички права, а тоа бара и развој на сервисите за поддршка кои ги нема во Македонија, како што постојано укажуваат извештаите од последните години. Сервисите за поддршка формулирани како лична асистенција целосно отстапуваат од обврските на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Персонална асистенција во Македонија нема, истакна Кочовска.

Иако, рече, наголемо се зборува за инклузивното образование, локално се отвораат голем број дневни центри.

–Па прашањето е сега: ќе одиме на училиште или ќе не чувате во дневен центар?. Комитетот упорно вели дневен центар не, а ние упорно произведуваме дневни центри, додаде меѓу другото Кочовска.

Билјана Котевска, авторка на поглавјата „Еднаквост и недискриминација“ и „Расизам, ксенофобија и нетолеранција“ порача дека нашето законодавство мора да се усогласува со европското, но и тоа не е доволно, рече, ако нема примена и ако институциите кои постојат за заштита на човековите права не се независни.

-Во пракса, независноста на овие институции останува сериозно загрозена. Неколку години по ред  покренуваме во нашите извештаи до Агенцијата за темелни права за финансиската независност на Комисијата за спречување и заштита од дискириминација и Народниот правобранител, рече Котевска.

Човековите права, нагласи таа, не се нешто што е еднаш постигнато, туку постојано треба да се работи на нивно унапредување.

-Во Извештајот од оваа година нотираме и дека жртва на недемократско делување беше неуспехот да се донесат измените на Законот за матична евиденција со кои ќе се решеа секојдневните проблеми и предизвици со кои се соочуваат транслицата во нашата земја… Пропаѓањето на овој Предлог-закон го имаме забележано во нашиот Извештај заедно со факторите кои придонесоа за тоа. Слични се и факторите кои делуваат и сега, во контекст откако почна дискусијата околу Предлог-законот за родова еднаквост, рече Котевска, апелирајќи дека „државата мора да најде пат да не се направи регрес во нашата долга борба за родова еднаквост“ на која, рече, „можеме да бидеме горди, но и да го зачуваме како наследство“.

Александра Богдановска, авторка на делот „Директива за права на жртви“ во Извештајот соопшти една позитивност во овој сегмент која, рече, ја чекале со години – новодонесениот закон за исплата на паричен надомест на жртви од кривично дело „насилство“ кој стапи во сила во мај годинава.

-Но, тука завршуваат добрите вести, законот е влезен во сила, а се уште не е формирана комисијата која, како што знам, е во некоја процедура во Влада, но натаму не ми е познато, рече Богдановска.

Не знае, рече, ниту што се случува со амандманите поднесени на  Кривичниот законик затоа што, како што рече, „амандманите од КЗ што неодамна беа усвоени во Собранието предизвикаа јавна дебата во друга насока“.

-Што се однесува до програмата за обесштетување на дете жртва, во минатата година беше определен износ од три милиони денари и тоа е досега најголем износ. Претходните две години беше милион денари, а претходно во континуитет од 500.000 денари. И ова, исто така, се смета за позитивен напредок. Исто така, лани имаше исплата за дете жртва на трговија на луѓе од 400.000 денари, што е првпат таков надомест и во тој износ, рече Богдановска.

Во однос на поглавјето „Насилство врз жени“ во извештајот, авторката Маја Балшиќевскa соопшти дека граѓански организации забележуваат дека не се применува соодветно на терен  Законот за спречување и заштита на жени жртви на  насилство и на семејно насилство, донесен во 2021 година.

-Се постапува се уште по случаи на семејно насилство, но не и по останатите форми на родово базирано насилство дефинирани во законот. Ова го поврзуваме со недостиг на некои подзаконски акти кои не беа донесени во 2022 година, рече Балшиќевскa.

Додаде треба да се донесе Програмата за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство што треба да обезбеди услуги кои  ќе им овозможи на жените жртви целосно излегување од „кругот на насилството“ и нивна економска независност понатаму.

-Загрижувачки се податоците за непримена на итната мерка на заштита – отстранување на сторителот од домот, без разлика на сопственоста. Според податоците на МВР од 2022, имало над 900 кривични дела поврзани со семејно насилство, се уште не се водат податоци за родово базирано насилство. И покрај овој број, мерката од полицијата е изречена само во четири случаи, а од судовите само во шест случаи, информираше Балшиќевскa.

Посочи и на измените на КЗ и неговото усогласување со Истанбулската конвенцијата каде што како нови кривични дела се криминализира демнењето, половото вознемирување, се препознава општо родово базираното насилство и се вклучува како квалификаторен облик во повеќе кривични дела, особено во делот на убиство на жени и девојки до 18 години.

-Сепак, фемицидот како посебно кривично дело не е препознаено, додаде меѓу другото Балшиќевскa.

Несиме Салиоска, авторка на поглавјето „Еднаквост и инклузија на Ром(к)ите“, се осврна на состојбата со правата на Ромите во 2022 година на централно и локално ниво, во областа на социјалната грижа, здравството, образованието и вработувањето на припадници од оваа ранлива етничка заедница. Во рамки на Оперативниот план, рече, лани биле одобрени 95 илјади евра за 17 апликации на Роми кои добиле грант за самовработување.

Посочи дека ромските огранизации лани биле незадоволни од резултатите на Пописот поради забележани „низа притисоци на места каде Ромите живеат во притисоци со доминантно население од другите етнички заедници“ и дека, според нив, 2,53 проценти ромско резидентно население не е ни приближно половина од бројот на Роми што живеат во државата.

Како позитивна пракса во борба против дискриминацијата во Северна Македонија посочи на судски случај кој пред Европскиот суд за човекови права го водел Европскиот центар за правата на Ромите. Се работи за зачестено сегрегирање на ученици Роми во посебни паралелки.

-Судот утврди дека две основни училишта – „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и  „Гоце Делчев“ во Штип го прекршиле правото на децата на недескриминација во врска со нивното право на образование… Донесена е пресуда со која на секое домаќинство му е доделена компензација од 1.200 евра во вкупна вредност од 45.600 евра за двете училишта. Но, овој проблем е актуелен и денес и треба да се бара системско решени. Оваа година добивме информација за многу сличен случај во општина Прилеп, додаде Салиоска на претставувањето на Извештај за човековите права во земјава за 2022.

Tags: Конвенција за права на лица со попреченостчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ