• Latest

Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Бањска

September 29, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Бањска

September 29, 2023 15:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Радоичиќ преку писмо призна дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“, пренесе РСЕ.

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

Петронијевиќ е претставник на Милан Радоичиќ и јавно објави дел од неговото писмо во кое тој признава вина.

„Јас, Милан Радоичиќ, поради многубројните шпекулации, ја известувам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово во атарот на селото Бањска. Причината за нашето враќање е да го поттикнеме српскиот народ да пружи отпор на теророт на режимот на Курти и во давањето заштита на нашите луѓе кои секојдневно се изложени на тој терор“, се вели во писмото.

Во писмото, Радоичиќ нагласува дека тој лично го организирал нападот.

„Јас лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот, а овој мој чин нема никаква врска со мојот претходен политички ангажман“, стои во писмото.

Во писмото на Радоичиќ се наведива и дека тој „не известил никого од српските власти и локалните политички структури на северот на Косово“, ниту пак добил „некаква помош“ од некој од нив.

Радоичиќ посочува дека со нив имал различни ставови во однос на „претходните методи за отпор на теророт на Курти“.

Радоичиќ се повлекува од партијата

Во писмото на Радоичиќ стои и дека напаѓачите не се „никакви терористи“, туку „борци за слободата на сопствениот народ“.

Во писмото, Радоичиќ објаснува и дека убиството на косовскиот полицаец било „случајно“, по што започнал „жесток конфликт меѓу двете страни“.

Тој ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата потпретседател во партијата Српска листа, нагласувајќи дека неговата политичка инволвираност во оваа партија „нема никаква врска со неговото враќање на Косово“.

Радоичиќ извести и дека ќе одговори на поканата на властите на Република Србија. Неговиот адвокат пак негираше дека Радоичиќ е ранет во Бањска.

Претходно, српските медиуми, меѓу кои и Б – 92 објавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил за шпанската национална телевизија ТВ Еспањола дека Радоичиќ поднел оставка од функцијата потпретседател на Српската листа за да не и наштети на партијата.

Адвокатот Петронијевиќ ги демантираше информациите дека Радоичиќ бил на ВМА, бидејќи, како што рече, не е повреден. Тој повтори дека неговиот клиент ќе се јави на повикот на кој било српски орган, доколку го има, а не одговори на новинарското прашање каде се наоѓа сега.

Не можам да ви кажам, ќе разберете, поради неговата безбедност, заврши Петронијевиќ.

Д. Т / М. Д

Tags: КосовоМилан РадоичиќоставкаСрбијаСрбска листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ