• Latest

Мисија на САД во ОБСЕ: Човечките жртви од руската агресија во Украина во фокусот на конференцијата во Варшава за човечка димензија организирана од Северна Македонија

September 29, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисија на САД во ОБСЕ: Човечките жртви од руската агресија во Украина во фокусот на конференцијата во Варшава за човечка димензија организирана од Северна Македонија

September 29, 2023 18:51
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Човечките жртви од руската агресија во Украина ќе бидат главниот фокус на Мисијата на САД во ОБСЕ на конференцијата во Варшава за човечка димензија која годинава се одржува од 2 до 13 октомври во организација на претседавачот со ОБСЕ Северна Македонија со подршка на ОДИХР, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент, пренесува МИА.

-Главен американски фокус ќе бидат злостроствата на руските сили во Украина и окупациските власти на Крим, како и сериозните нарушувања на човековите права што Русија ги прави дома, се вели во сопштението.

-Исто така, ќе фрлиме светлина врз загриженостите низ регионот на ОБСЕ како намалениот простор за граѓанското општество, прогонот на борците за човекови права, безбедноста на новинарите, политичките затвореници, репресивните мерки против мирните припадници на етничките и религиозните групи и злострствата  засновани на омраза.

Се вели дека Мисијата на САД во ОБСЕ ќе ко-спонзорира неколку официјални споредни настани за зголемување на свесноста за проблемите околу руската агресија во Украина.

Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) собира над 1,200 владини официјални лица и претставници на граѓанскиот сектор од Северна Америка, Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија. Учесниците ќе разгледаат како членовите на ОБСЕ ги имплементираат заложбите на организацијата за човекови права, демократизација, толеранција, владеење на правото и основни слободи.

Конференцијата во Варшава за човечка димензија обезбедува форум за активистите за човекови права низ целиот регион за разгледувањет важни прашања директно со официјални лица на владите и на ОБСЕ, вклучувајќи ја и сеопфатната инвазија на Русија во Украина, укажуваат од Стејт департментот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МисијаОБСЕруска агресијаСАДСтејт ДепартментотУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result