• Latest

24 ЧАСА: Поскапуваат над 1.000 артикли; Битиќи најави можна ревизија на ДДВ-то за некои производи; решен е долгогодишниот проблем на лицата без документи; Зелен форум за македонската зелена агенда

October 6, 2023

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Поскапуваат над 1.000 артикли; Битиќи најави можна ревизија на ДДВ-то за некои производи; решен е долгогодишниот проблем на лицата без документи; Зелен форум за македонската зелена агенда

October 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Стартува стапката на ДДВ од 10 отсто, поскапуваат над 1.000 артикли

Од утре трговците ќе треба да ја применат новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи.

Списокот што го добиле трговците, се наоѓаат и брашното, џигерот, сладоледот. потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи

„Има одредена реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме таа листа на продуктите веќе во вторник кога имаме закажана седница на Влада може да се ревидира одлуката. Но, сметам дека досега реакциите се од прилика за 10 до 15 продукти, не гледам голем проблем за 10-ина продукти да има корекција“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајненс тинк.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските агресори гранатираа болница во регионот Херсон

Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.

Братислава ги одложува одлуките за воена помош за Кијив до формирање нова словачка влада

Словачка одлучи да ги одложи одлуките за воена поддршка за Кијив во очекување на новата влада по изборниот успех на партиите кои се противат на помош за соседна Украина, соопшти Претседателството во Братислава.

Руските сили го нападнаа Харкив со балистички ракети, врз регионот Херсон истрелани 330 гранати, има загинати и ранети

Руските сили го погодија централниот дел на градот Харкив, објави на Телеграм Градоначалникот Ихор Терехов, пренесува Укринформ.

Рубин: Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан

Кинеските и руските медиуми меѓу себе цитираат дезинформации и создаваат „ехо комори за поплава на пазарот“ на вести, а Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан, посочи Џејмс Рубин, специјален претставник на Стејт департментот и координатор на Центарот за глобален ангажман.

Шведска со нова помош од околу 190 милиони евра за Украина

Шведска ќе и испрати на Украина нов пакет воена помош во вредност од 2,2 милијарди круни (приближно 190 милиони евра), што главно ќе вклучува муниција и резервни делови за претходно донирани системи, објави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Ставаме крај на  долгогодишниот проблем на лицата без документи. Со донесените измени на законите за престојувалиште и живеалиште како и Законот за лична карта им овозможуваме на ранливите и социјално загрозените лица да добијат пристап до лична документација, изјави Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

ЕВТИНА СТРУЈА Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

АЛ-ПРЕС

Тирана денеска ги собира министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес, на средба што му претходи на Самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во четвртокот изјави дека на некои европски лидери им ја истакнала важноста Србија да ја преземе одговорноста за „терористичкиот напад и акт на агресија“ врз Косово, во врска со нападот врз косовската полиција на северот на земјата минатиот месец – ова се дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ и Општина Чаир порачуваат: И најголемите проблеми се решаваат со дијалог

ЦИВИЛ, во соработка со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, на 3 октомври одржа средба на тема „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“. Ова е дел од серијата активности на организацијата во повеќе општини низ земјата, каде што во претходниот период се одржаа и повеќе подготвителни средби, на кои стана збор за локалните специфики, состојбите, институционалните капацитети и можностите за соработка во областа на развојот на мултикултурализмот на локално ниво.

Граѓански дијалози“ во Кочани: Надминување на разликите со дијалог, едукација, системска недискриминација и зголемен буџет за ранливите категории

ЦИВИЛ  со поддршка од Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, на 5 октомври организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

На оваа граѓанска средба учествуваа претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

ЗЕЛЕНИ

Маја Морачанин и Тони Поповски на панелот  „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

„Зелен форум“ е нов проект на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) чија цел е да обезбеди платформа за дебата за клучните зелени прашања, што понатаму ќе послужи како ресурс за понатамошно креирање и имплементација на зелени политики и практики.

Денеска се одржа првиот од серијата панели на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?, на кој учествуваа Маја Морачанин, претседателка на ДОМ и пратеничка и Тони Поповски,  архитект, екологист, политиколог, независен консултант и колумнист.

АНАЛИЗА

„Икс на Илон Маск (поранешен Твитер) одигра голема улога во дозволувањето на руската пропаганда за Украина да допре до повеќе луѓе отколку пред почетокот на војната, според студијата објавена оваа недела од Европската комисија, пишува Вашингтон пост. Истражувањето покажа дека, и покрај доброволните обврски за преземање акција против руската пропаганда од страна на најголемите компании за социјални медиуми, вклучително и Мета, руските дезинформации против Украина напредуваат.“, извадок од анализата ГЛУМЕЊЕ БОГ: Новите Твитер политики и иронијата на Елон Маск ја поттикнуваат руската пропаганда, од Драган Мишев.

Подготви: Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ