Шведска ќе и испрати на Украина нов пакет воена помош во вредност од 2,2 милијарди круни (приближно 190 милиони евра), што главно ќе вклучува муниција и резервни делови за претходно донирани системи, објави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.
Тоа е 14-та помош испратена од Стокхолм во Украина од почетокот на војната. Со него, вкупната вредност на воената поддршка од скандинавската земја за Киев ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни приближно (1,8 милијарди евра).
Јонсон на прес-конференција изјави дека Владата и формално им наредила на вооружените сили да истражат дали Шведска може да испрати борбени авиони Грипен во Украина.