• Latest

Зајкова: Менталното здравје е право, а не привилегија

October 12, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Зајкова: Менталното здравје е право, а не привилегија

October 12, 2023 12:55
in Uncategorized, ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

енталното здравје не е тема која ја засега само Македонија, туку и Европа и светот. Во последните години почна многу поотворено да се зборува и да се бараат системски решенија за луѓето да може да се чувствуваат слободно да зборуваат за својот проблем, но и да го превенираат и секако да се грижат за истото без да бидат осудувани од колегите, пријателите, семејството.

-За да го зачуваме менталното здравје, треба и позитивни информации да пласираме на јавноста затоа што оној свет на постојан негативност и тензија создава чувство на несигурност кај луѓето, сето тоа и како влијае на менталното здравје. Се уште голем проблем е стигматизацијата од општеството, особено кај младите од врсниците и затоа, ние имаме многу случаи на анксиозност на која што луѓето воопшто не обрнуваат внимание, а која што полесно може да еволуира во депресија, подлабока депресија и други форми на ментални нарушувања.  Системот треба да се гради така да обезбедиме рана детекција и рана превенција, да не дојдеме до случаи на самоубиството истакна Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-Демократска партија на Конференцијата  за подигнување на свеста за менталното здравје во основните и средните училишта во организација на Либерален Институт Скопје.

-Треба да сме свесни дека  глобалните трендови се менуваат и дека навистина сега генерациите живеат под поголем притисок, поголем стрес, а до тоа доведува и брзиот пристап на информации, социјалните мрежи итн. Факт е дека голем дел од луѓето не можат да си дозволат психотерапија, токму затоа ни треба закон кој ќе гарантира бесплатни сесии за советување, а веќе работиме и на Национална стратегија за ментално здравје кај младите луѓе, но и подобрување на законот за ментално здравје кој засега ги третира само душевните и ментални растројства, рече претседателката на Либерално-демократска партија Моника Зајкова.

Таа додаде дека се повеќе познати личности и во светот и во Македонија ги споделуваат јавно своите проблеми со менталното здравје, но дека табуата постојат, особено во руралните средини каде овие проблеми се решаваат тајно. Зајкова ја потенцираше и потребата од повеќе конференции на овие теми, повеќе кампањи, затоа што законот е едно, меѓутоа истиот ќе треба да се имплементира и да се менува свесноста кај луѓето за тема ментално здравје.

– Менталното здравје не го опфаќа само врсничкото насилство,  истото влијае и во пост-породилниот период кај жените. Исто така влијае во секојдневните односи, најчесто младите се жалат на неприфаќање на нивните врски од страна на родителите, секојдневниот булинг што го имаме во училиштата и коишто го гледаме на социјалните мрежи сето тоа се рефлектира на тоа да имаме нарушено ментално здравје кај помладите и тие да почнуваат да размислуваат во негативен контекст ,односно да имаме бројки и проценти кои покажуваат дека значително незанемарувачки број на луѓе размислуваат дури на самоубиство, што навистина е загрижувачко- вели Зајкова.

Таа додава дека исто се случува и со студентите, таму е пострашно бидејќи нема служба во високото образование која што можат да детектираат доколку некој има проблем, сакаат некаде да го кажат. Но кога се зборува за отворање на такви канцеларии голем дел од  студентите и средношколците, бараат истите да бидат надвор од надвор од округот на универзитетите бидејќи се плашат дека ако бидат видени од своите врсници дека бараат помош, ќе бидат предмет на потсмев или критика дека нешто не е во ред со нив.

-Најголемите ѕвезди кои имаат и финансиска и општествена моќ баш поради тоа може да страдаат од депресии и анксиозност заради брзата динамика на живот.

Музичарот Авичи во филмот снимен за него зборуваше колку веќе му е товар славата и никој не го ислушува и разбира, за да се заврши приказната со самоубиство, да не дозволиме и да превенираме вакви идни приказни, додаде Зајкова.

Менталното здравје е право, а не привилегија.

Tags: Зајковаздравство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ