• Latest

Македонската зелена агенда: Треба да се делува долгорочно, независно која политичка опција е на власт, квалитетот на животната средина влијае на сите подеднакво

October 12, 2023

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Македонската зелена агенда: Треба да се делува долгорочно, независно која политичка опција е на власт, квалитетот на животната средина влијае на сите подеднакво

October 12, 2023 13:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Единиците на локалната самоуправа согласно законската регулатива што ја носиме имаат многу обврски што треба да ги спроведуваат, ама соработката мора да биде и на централно  и на локално ниво.  Во сферата на управување со отпад општините имаат обврска за управување со отпад, ама ако погледнете на централно ниво, по региони, ние сѐ уште немаме конкретна ни финална реализација на регионална депонија“, истакна заменик министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

Таа потенцираше дека на Свети Никола, како општина, се одземени ингеренциите за изградба на регионална депонија, сметајќи дека на тој начин ќе се воспостави ред во менаџирањето со отпадот и таму конечно ќе се гради регионална депонија.

„Треба да размислуваме долгорочно, не можеме стратегиите за животна средина да ги менуваме на кратки периоди. Воспоставување на ваков систем за ригонални депонии ни е повеќе од потребен.

Како приоритети од зелената агенда, Оџаклиеска ги наведе Законот за климатска акција, како и проблемот со аерозагадувањето и контролата на жешките индустриски точки кои наштетуваат на животната средина.

„Сѐ е битно. Одредени глобални работи што се пренесуваат и кај нас, можеби не се толку битни во моментот. Но, за нас се битни последиците од тоа што се случува и што ни го имаат наметнато другите. Ние како држава не сме голем загадувач во споредба со високо индустријализираните земји. Но, ги имаме последиците во поглед на климатските промени и тоа го гледаме на терен. Поплави, пожари со кои не можеме да се справиме заради тоа што стварно нема финансиски средства и нема добро планирање за да се справат општините со ваков тип на незгоди“, истакна директорот на МДИ-ТИ.Нет.

Тоска, посочи дека од поглед на граѓанското општество стратегиите кои се носат се факт дека сме се согласиле за одредени работи, но во пракса се гледа дека не може да се спроведат проектите, како што е со јавниот транспорт во Скопје или подобрување на квалитетот на водата на реката Вардар.

Заменик министерката додаде дека независно кој на која политичка опција припаѓа, квалитетот на животната средина влијае на сите.

„Забележуваме дека многу често, особено во последните изборни циклуси е присутна зелената агенда Она што е важно е кога ќе бидат поставени луѓето на одредени позиции доследно да ги спроведуваат програмите за кои се залагаат. И така граѓаните ја градат довербата или недовербата кон оние за кои го дале својот глас. За мене е тоа е најголемата злоупотреба или манипулација“, истакна Оџаклиеска.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Аријан Тосказелена агендаХристина Оџаклиеска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ