• Latest

Австралијанците гласаа против признавање на Абориџините во Уставот, кампањата ја обележаа расизмот и лажните вести

October 14, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Австралијанците гласаа против признавање на Абориџините во Уставот, кампањата ја обележаа расизмот и лажните вести

October 14, 2023 21:08
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Австралијанците денеска јасно и одлучно на референдум го отфрлија предлогот за признавање на абориџинското население во Уставот на крајот од жестоката кампања што ги продлабочи расните поделби во таа држава.

Откако беа пребројани гласовите во три четвртини од избирачките места во земјата, се чини дека 55 отсто од гласачите гласаа против текстот, кој предлага абориџините да станат уставна категорија како први жители на овој голем островски континент и да им се овозможи посебен „глас“.

Австралијците заокружуваа „да“ или „не“ на референдумското ливче на кое беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае Абориџините и островјаните од Теснецот Торес преку создавање домородно советодавно тело во Парламентот наречено „Глас на Парламентот“.

„За многу Абориџини и островјани од Теснецот Торес оваа кампања беше исклучително тешка, а нејзиниот исход ќе биде многу тежок за поднесување“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Групата што се залагаше за измена на уставот од 1901 година првично беше мнозинство, но во последниве месеци постепено почна да го губи тлото под нозете, особено поради кампањата на конзервативната опозиција, предводена од поранешниот министер за одбрана Питер Датон.

За тој конзервативен табор, реформата значеше мешање во уставот и следствено, потенцијални поделби во општеството и создавање разлики по прашањето за државјанството.

Водачот на кампањата Yes23, Дин Паркин, истакна дека „резултатот е многу тешко да се поднесе, иако е направено се што е можно“ и вети дека ќе продолжи со напорите за правата на домородното население.

Кампањата резултираше со лавина расистички коментари на социјалните мрежи, а се ширеа и лажни информации. Некои изразија загриженост дека имотните права може да бидат доведени во прашање или дека, доколку се усвои реформата, ќе треба да се платат некои репарации за гревовите од минатото.

За поддржувачите на „Гласот“, оваа реформа требаше да помогне да се залечат сè уште отворените рани од ерата на колонизација и расна репресија.

Денес, повеќе од 200 години по британската колонизација, домородните жители на Австралија, чии предци живееле на тој континент најмалку 60.000 години, ги имаат истите права како и другите граѓани, но сè уште не се еднакви во сè со своите сограѓани.

Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

Карен Вајат (59) која заокружила „да“, смета дека доколку „Гласот“ биде одбиен, тоа ќе биде „ден на срамот за Австралија“.

Лидерот на Абориџините, Томас Мајо изјави дека е лут на сите оние кои се залагаат за гласање против.

„Тие ги излажаа Австралијанците. Австралискиот народ не треба да го заборави овој нечесен чин. Во нашата демократија треба да има последици за ваквото однесување и никој не треба да се извлече од тоа“, рече Мајо.

Премиерот Ентони Албанезе, член на левиот политички центар, кој беше силно вклучен во кампањата, денеска упати последен повик до гласачите кои можеби не го слушнале.

„Станува збор за почитување на домородните жители на Австралија. Се работи за тоа на кој начин се гледаме себеси како нација, но и како светот гледа на нас“, рече тој.

Гласањето беше задолжително за 17,5 милиони австралиски гласачи.

За да биде усвоена, реформата мораше да добие не само мнозинство гласови на национално ниво, туку и во најмалку четири од шесте држави во земјата. Не успеа да добие ниту едно, ниту друго.

Г. Т.

Tags: АбориџиниАвстралијагласањенепризнавањереферендумУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ