• Latest

24 ЧАСА: Поскапува парното греење; судиите мора да носат одлуки според законот и без мешање; во случајот „Синџир“ притворени 13 лица

October 31, 2023

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Поскапува парното греење; судиите мора да носат одлуки според законот и без мешање; во случајот „Синџир“ притворени 13 лица

October 31, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Парното греење ќе поскапи за 4,51 процент

Парното ќе поскапи 4,51 процент, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Како што информира Бислимоски на прес-конференција, тоа на сметка од 1 000 денари значи зголемување за 45 денари или на просечна сметка од 1 800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на закон и без мешање

„Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна – граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку“, се вели во пишаниот одговор од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по барање од Сител телевизија во врска со информации објавени пред два дена дека „амбасадоркат била во посета на Врховниот суд по барање на судии, кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските војници во окупираната Волноваха, Донецка област, влегле во дом и убиле девет цивили, меѓу кои три жени и две деца, на возраст од пет и девет години, објави обвинителството на Донецката област на 30 октомври.

Украинската војска уништи конвојот со руски војници додека се  обидуваа да ја пробијат одбраната кај Краснохоривка, додека бројот на загинати руски војници во Украина од почетокот на целосната руска агресија врз Украина надмина 300.000 воен персонал проследен со огромни загуби во воена техника.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Од Кривичниот суд потврдија дека се прифатени барањата од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и определени се 13 ефективни притвори, еден куќен притвор и 12 мерки на претпазливост во врска со осомничените во случајот „Синџир”.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор да се донесе одлука во интерес на граѓаните, истакна  претседателот на Собранието, Талат Џафери.

УЈП Даночните обврзници што ги опфаќа Законот за данок на солидарност се известени дека важат сите одредби, односно правила од Законот за даночна постапка дека може да ја направат уплатата на три рати заклучно со крајот на годинава, или пак за еднократно одложување на долгот до крајот на декември, со банкарска гаранција или со движен или недвижен имот со којшто УЈП  би ставила соодветен залог.

СВЕТ

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека во конфликтот Израел-Хамас досега биле убиени 31 новинар. Дваесет и шест од тие новинари биле убиени во Газа.

*

Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

*

Јумна Ел Сајед, дописничка на Ал Џезира од Газа, објави дека нејзиното семејство добило закани од израелските сили да го напуштат својот дом во градот Газа. Додека ја раскажуваше својата сторија, во позадина се слушаа силни детонации од континуираното бомбардирање на Газа.

АЛ –ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Суспендирани четири синдикалци и рудар од Трепча; рокот за пререгистрација на илегалните таблички во Косово одложен за еден месец; Специјалниот суд со рација во куќата на поранешен советник на Хашим Тачи

ЗЕЛЕН ФОРУМ

Шукова: Животна средина е едно од најскапите поглавја за која се потребни многу финансиски средства

„Ако сакаме да имаме одржлива држава треба да ни бидат трите пилари битни, економскиот, социјалниот и животната средина. Ниедно не смее да му смета на другото. Мора да има баланс. Кога ќе има балансиран развој на секој пилар, ќе имате одржлива држава“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во основните училишта во скопските општини Аеродром и Гази Баба (со тенденција да се прошири и на други „вмровски“ општини, по „диктат“ на “шпицниот градоначалник“), основците, построени во училишниот двор (или спортската сала) ја пејат државната химна, додека градоначалниците, од вмровска провиниенција, задоволно го „сукаат патриотскиот мустаќ“, пишува Драган Мишев во Брза пошта „На гладно срце химна не се пее“.

ЕКСКЛУЗИВЕН коментар на Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, според резултатите од Третиот состанок на советниците за национална безбедност и советниците за надворешна политика во врска со имплементација на Формулата за мир, што се одржа во Малта на 28-29 октомври 2023 година – Малтешки средби на претставници на 66 држави и меѓународни организации за имплементација на Формулата за мир на Претседателот Зеленски.

 

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ