• Latest

Њујорк Тајмс: Јеменската милиција на Хутите тврди дека извршила напад врз Израел

November 1, 2023
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Њујорк Тајмс: Јеменската милиција на Хутите тврди дека извршила напад врз Израел

November 1, 2023 11:59
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јеменската милиција Хути во вторникот презеде одговорност за обид за напад врз јужен Израел, велејќи дека лансирала „голема серија“ балистички и крстаречки ракети, како и беспилотни летала кон израелски цели, пренесува Њујорк Тајмс.

Милицијата поддржана од Иран го изврши обидот за напад како одговор на, како што ја нарече, „брутална израелско-американска агресија“ во Газа, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа, на платформата за социјалните медиуми X. Г-дин Сареа рече дека нападот бил третата операција спроведена од Хутите „за поддршка на нашите прогонети браќа во Палестина“ и се закани со дополнителни ракетни и беспилотни напади.

Од Њујорк Тајмс посочуваат дека можат независно да ги потврдат тврдењата на Хутите.

Во вторникот, израелската војска соопшти дека нејзиниот систем за воздушна одбрана пресретнал ракета земја-земја истрелана кон Израел „од областа на Црвеното Море“. Од  таму велат дека пресретнале и други „воздушни закани“ во областа, од кои ниту една не навлегла на израелска територија.

Израелската војска не соопшти кој стои зад нападите. Но, висок функционер во американското Министерство за одбрана, кој сакаше да остане анонимен, рече дека израелската војска пресретнала проектили лансирани од Јемен со дострел од околу 1.200 милји.

Јеменски аналитичари велат дека нападот, и покрај тоа што бил спречен, ги покажал зголемените способности на Хутите, милиција поддржана од Иран, која го презеде јеменскиот главен град Сана во 2014 година. По неуспешниот обид на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија да го уништи, групата сега владее со поголемиот дел од северен Јемен. Таа, исто така, стана важна рака на иранската таканаречена „Оска на отпорот“, која ги вклучува либанската милиција Хезболах и вооружените групи во Ирак, пренесува Њујорк Тајмс.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ