• Latest

Адеми: Вмешувањето на политиката во судството е присутно, не се почитува уставното начело на поделба на власта

November 3, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адеми: Вмешувањето на политиката во судството е присутно, не се почитува уставното начело на поделба на власта

November 3, 2023 13:41
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но, ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, односно угледот и авторитетот на Врховниот суд, вели претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Во интервју за СДК.мк Адеми, посочува дека не смеат да дозволат политичките интереси да се кршат на грбот на судството и дека затоа е битен личниот интегритет и судската култура што ја градел низ годините секој судија, но важна е солидарноста меѓу судиите, бидејќи тоа испраќа порака и до оние што вршат притисоци, но и до јавноста дека судството ќе опстои на своите темелни вредности.

Во однос на неодамнешната посета на Врховниот суд на американската амбасадорка Ангела Агелер, Адеми вели дека американската амбасадорка и САД се пријатели на судството и нејзиното доаѓањето беше во таа насока.

–  Помеѓу сите прашања што се разговараа беа вклучително и теми од јавен интерес. Амбасадорката имаше средба со мене, со заменик-претседателот и со сите судии на Врховниот суд да укаже и да даде поддршка дека врховните судии мора доследно да го применуваат Уставот и законот и дека не смееме да отстапиме од тие вредности. Овие вредности и принципи мора да се почитуваат и при утврдувањето на начелните ставови и правни мислења од страна на Општата седница, вклучително и за Иницијативата која предизвика интерес во јавноста, вели Адеми во интервјуот за СДК.мк.

Прашана, како изгледаат тие притисоци, Адеми посочува дека политиката секогаш има потенцијал да користи влијанија на различни начини.

– Реално, секогаш е присутна заканата дека може да се разрешуваат судиите на Врховниот суд и во овој правец да се користат дури и лажни вести. И затоа Судскиот совет треба да биде заштитник на судството, посочува Адеми.

Во однос на донесениот став на Врховниот суд за амнестијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во случајот „Траекторија“ и повлечената иницијатива од адвокатот Миле Наумовски, Адеми посочува дека како долгогодишен судија и како претседател, нејзиниот личен став е дека во „оваа ситуација и со ваква поставеност на повлечената иницијатива, ние не би имале услови да расправа Општата седница“.

-Јас сум сигурна дека судиите на Врховниот суд во која било ситуација и за вакви сензитивни прашања ќе ги имаат предвид Уставот, законот и меѓународно-ратификуваните договори. Всушност, гарантирам дека овој состав на судии не им е вазал на ниту една од политичките партии, туку му служи на законот и на етичките начела, посочува Адеми.

Претседателката на Врховниот суд, Адеми, исто така, укажува дека кога се носеле измените на Кривичниот законик, за жал, Врховниот суд бил прескокнат, иако Министерството за правда согласно Законот за судови има законска обрска за закони кои се однесуваат на статусни прашања за судството, да се обрати до Општата седница на Врховниот суд која треба да расправа и даде мислење и забелешки за нив.

Tags: врховен судполитикасудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ