• Latest

Израел обвини дека хонорарните фотографи претходно знаеле за нападот на 7 октомври; новинските организации ги негираат наводите

November 10, 2023

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ

Израел обвини дека хонорарните фотографи претходно знаеле за нападот на 7 октомври; новинските организации ги негираат наводите

November 10, 2023 13:25
in КОНФЛИКТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Четири новински организации категорично негираат дека имале претходно сознание за терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, по барањето од  Израелската влада за одговори и кредибилност во врска со извештајот на про-израелското медиумско набљудувачко тело „HonestReporting“,  во кој се наведени инсинуации дека новинарски организации знаеле претходно за нападот, пишува Си-Ен-Ен.

Асошиетед прес, Ројтерс, Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен,  излегоа со експресни соопштенија кои силно возвратија на извештајот  објавен доцна во средата цврсто од страна на  про-израелското медиумско набљудувачко тело, HonestReporting, кое тврдеше дека фотографите за вестите биле присутни за време на првичниот напад, повикувајќи се на скриншотови објавени на социјалните мрежи.

Два од медиумите, Асошиејтед прес и Си-Ен-Ен, сепак, наведуваат  дека ги прекинале врските со хонорарниот фотограф Хасан Еслајах, откако во извештајот бил идентификуван дека бил присутен со милитантите на Хамас за време на грозоморниот напад на еврејската држава.

Од Асошиејтед прес велат дека немале претходни сознанија за нападите на Хамас на 7 октомври, и дека првите фотографии од фриленсерот биле направени еден час пред почетокот на нападите.

Никој од  персоналот  на АП не бил на границата за време на нападите, ниту пак некој од персоналот на АП ја преминал границата во кое било време“, изјави Лорен Истон, директорка за односи со медиумите за АП.

„Веќе не работиме со Хасан Еслајах, кој беше повремен хонорарец за АП и други меѓународни новински организации во Газа“, додаде Истон.

„Немавме претходни сознанија за нападите на 7 октомври“, рече портпаролот на Си-Ен-Ен. „Хасан Еслајах, кој беше хонорарен новинар кој работеше за нас и за многу други медиуми, не работеше за мрежата на 7-ми октомври. Од денеска ги прекинавме сите врски со него“.

И од Ројтерс  ја отфрлија  инсинуацијата дека знаеле за планираниот напад на Хамас врз Израел.

„Ројтерс категорично негира претходни сознанија  за нападот или дека сме ги вклучиле новинарите со Хамас на 7 октомври. Фотографиите објавени од Ројтерс се направени два часа откако Хамас истрела ракети низ јужен Израел и повеќе од 45 минути откако Израел соопшти дека вооружени лица ја преминале границата“, велат од Ројтерс.

Од „Њујорк тајмс“ реагираа  за обвинувањата против друг хонорарен фотограф, Јусеф Масуд, кој беше спомнат во извештајот на HonestReporting.

„Иако Јусеф не работеше за Тајмс на денот на нападот, тој оттогаш направи важна работа за нас. Нема докази за инсинуациите на Honest Reporting. Нашиот преглед на неговата работа покажува дека тој го правел она што фоторепортерите секогаш го прават за време на големите вести, документирајќи ја трагедијата додека се одвивала“, велат од Њујорк Тајмс.

При известувања за војна, типично е новинарските организации да набавуваат видео и фотографии од хонорарци кои се наоѓаат во воениот регион. Хонорарците работат како независни изведувачи и не се вработени во компаниите во кои обезбедуваат услуги или нивни материјали, посочуваат од Си-Ен-Ен.

HonestReporting има историја на сериозни , и често погрешни  наведувања и обвинувања против медиумите. Израелската влада, предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој беше непријателски  со новинарите, сепак се обиде да ја искористи приказната на HonestReporting за да и даде доверливост на лажната идеја дека новинските организации биле свесни за терористичкиот напад пред тој да се случи, посочуваат од Си-Ен-Ен.

„Овие новинари беа соучесници во злосторствата против човештвото; нивните постапки беа спротивни на професионалната етика“, објави кабинетот на израелскиот премиер во четвртокот на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.

Членот на воениот кабинет на Израел, Бени Ганц, исто така го искористи извештајот за инсинуациите  за претходни сознанија за нападот од страна на новинарите.

Комитетот за заштита на новинарите ја осуди реториката на израелската влада, предупредувајќи дека таа би можела да им наштети на медиумските работници.

„Обидите за оцрнување, делегитимирање и криминализирање на новинарите кои ја вршат својата работа се срамотни и неодговорни,  и тие ги ставаат новинарите во дополнителен ризик“, се вели во соопштението од Џипси Гилен Кајзер, директорот за застапување и комуникации на КЗН.

Дијана Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ