• Latest

Трет социо-еколошки форум: Северна Македонија ги следи чекорите за праведна енергетска транзиција на Европската енергетска заедница

November 11, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Трет социо-еколошки форум: Северна Македонија ги следи чекорите за праведна енергетска транзиција на Европската енергетска заедница

November 11, 2023 13:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија е договорна страна со Европската енергетска заедница и во овој период го усвои Патоказот за праведна енергетска транзиција и донесе одлука за формирање на Совет за праведна енергетска транзиција“, рече во своето излагање Размена Цекиќ Дуровиќ, државен секретар во Министерството за економија на панел на тема „Енергетска демократија во нашите градови и заедници“ во рамките на Третиот форум за социо-еколошка трансформација што се одржува во Скопје. Во рамки на излагањата учесниците разговараа за можностите, но и предизвиците кои се последица на преминувањето од конвенционален енергетски систем кон систем на чиста енергија.

Ние изработивме Национална Стратегија и Национален Акциски план, а како држава мораме да ги следиме европските насоки и стратешките документи да ги услогласуваме согласно европското законодавство, рече Цекиќ.

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар истакна дека е горд што Општина Центар го носи духот на иновациите и примената на најефикасните технологии и што на негова иницијатива ја основа „Енергија Центар“, претпријатие кое ќе носи голем бенефит за многу генерации, а со тоа ќе ја промовира Општина Центар како прва енергетски независна општина во државата.

Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електро-енергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Додека заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе ги искористиме за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните, изјави Герасимовски.

Тој нагласи дека Општина Центар преку „Енергија Центар“ може да инсталира централи со вкупна максимална инсталирана моќност од 2,44 мегавата, вкупната инвестиција за инсталирање би изнесувала околу 1.755. 000 евра со поврат на инвестиција за околу 4,5 години.

Директорот на Прогрес – Институтот за социјална демократија Сашо Додовски истакна дека во изминатите две години со организирање на двата социо-еколошки форуми е направен сериозен исчекор затоа што на едно место се собираат стручни луѓе што дава максимален придонес кон придонесување за социо-еколошка трансформација.

Северна Македонија е лидер во овие процеси и се направија успешни чекори на енергетска трансформација што ќе придонесе за зачувување на животната средина, рече Додовски.

Од друга страна заменик – градоначалничката на Јастребарско, Хрватска, зборуваше за позитивните примери во нејзината општина со кои се штеди електрична енергија а со тоа се намалуваат јаглеродните емисии.

Таа истакна дека во Јастребарско е инсталиран нов смарт систем за улицно осветлување кој е од обновливи извори на ергија, со кој се прават и заштеди и се намалува загадувањето на животната средина.

Јонас Андерсон од Меѓународен центар „Олоф Палме“ потенцираше дека социо-еколошката транзиција претставува предизвик со кој сите ние се соочуваме и истакна дека никој од нас не може да направи сѐ, но сите може да имаме удел, бидејќи климатската транзиција е најважниот предизвик на нашата и на следните генерации.

На агендата на форумот се предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита.

Социо-еколошкиот форум Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, која ќе ги зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.

Дестан Јонузи

Tags: Европска енергетска заедницаенергетска транзицијаСКОПЈЕсоцио-еколошки форум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ