• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Кој тоа таму пее?

November 26, 2023
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој тоа таму пее?

November 26, 2023 11:47
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

По старата испробана тактика „они ка’о не напаѓаат, ние ка’о се браниме“ (на која, да бидеме искрени, авторско право и не му припаѓа на Мицкоски, тој кутриот само го „копипејстира“ својот ментор кој го октроиса како претседател во ВМРО – ДПМНЕ), лидерот на најголемата опозициска партија, на својот коалиционен партнер, лидерот на Беса, и сличните нему, околу барањето за ревидирање на постојната химна, им порача: „ако не им се допаѓа слободно нека ја напуштат земјата и нека одат таму каде што повеќе им се допаѓа“.

Патриотизам на батерии par excellence. Истата коалиција ВМРО-ДПМНЕ – Беса функционира на истите принципи и сега, како и тогаш, тој црн четврток на 27 април 2017 година кога, злоупотребувајќи ги националните чувства на граѓаните на Македонија, со музичкото шоу „пеам да те натпеам“ во Собранието, докажувајќи се кој ќе биде повеќе грлат во пеењето на националните химни, беа црн предвесник на бурата која се надви над демократијата и уставниот поредок на Македонија. Повторување на историјата во најава?

Мицкоски продолжува да мудрува: Ако не им се допаѓа, слободно нека ја напуштат и нека одат таму каде што им се допаѓа и нека ги воспеваат симболите на таа држава која повеќе им се допаѓа од Македонија”, ќе изјави тој во интервјуто на Канал 5.

Хмм, а каде се упати Мицко кога ја напушти свеченоста за 2 Август во Крушево, кога си замина и кога почна да се интонира македонската химна? И нему не му се допаѓа?

За асистенчето татино, „с’к су паре скупе“ па додава: „Ако сите ние сме расчистиле дека ова е наша татковина, тука сме се родиле; оние што не расчистиле со тоа, сѐ додека добиваат плата од буџетот, кој јас го полнам…“

Тој го полнел буџетот… додека главните финансиери му се на црната листа на САД за криминал, корупција, перење пари…

Или, кога дели совети за децибелите при пеењето на химната, па вели дека тие не треба на глас да ја пеат македонската химна, (најверојатно мисли на коалициониот партнер Касами, само не му го споменува името за да не го навреди, бидејќи, во политиката никогаш не се велело никогаш, барем кога станува збор со кого ќе коалицираш и ќе си го проголташ тоа што предходно си го…дробел) „но би било навредливо за мнозинството граѓани на таков начин да соопштувате политички ставови, затоа што за нив гласале и етнички Македонци… игнорирајќи ги чувствата на етничките Македонци што гласале за ДПМНЕ додека фејкерите од ДПМНЕ,  наместо „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, на цел глас урлаат „Не е Гоце Делчев , аго, ниту Даме Груев“… лакрдија и квази патриотизам од епски размери.

И како би изгледала и какви резултати би постигнувала фудбалската репрезентација на Македонија, доколку според Мицко, сите (фудбалери) кои не ја пеат химната ги испрати да играат во други земји?

И на крајот да се вратиме на насловот. „Кој тоа таму пее“ или во оригинал “Ко то тамо пева“ е југословенски филм чие сценарио, а и сценографија прилично пластично го пренесува делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, во раскантан автобус (сличен на оние кои деновиве возат низ главниот град предводен од градоначалничката кандидат на ВМРО-ДМНЕ, и претседателот и мнозинството во советот од истото, ВМРО-ДПМНЕ), кој чади, загадува, полн со патници затруени со национализам, расизам, ксенофобија, воајеризам, кој го управува возач со врзани очи, и кој секако, на крајот не стигнува на целта.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: vmro dpmneБилал КасамихимнаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ