ЗОРАН ИВАНОВ
Речниците на странски зборви толкуваат дека поимите „демагог“ и „демагогија“ претставуваат комлекс од политичка стратегија со цел стекнување моќ преку промовирања предрасуди и стравови врз колектив или општество или, со други зборови, една типична пропагандна стратегија на реторички говори со сплет смислено вградени лаги што обилно го користат политичарите популисти, а што упатува дека говорниците не само што не ја зборуваат вистината туку дека се тоа особи кои, непосредно или преку медиуми, сеедно, нè гледаат в очи и в очи нè лажат и дека, преведено на нашава актуелна состојба кога, на пример, ќе спомнат „национални“ или „државни“ интерси, термини што посебно предизборно зачестуваат, упатува дека тие и таквите субјекти и самите не знаат и не умеат да објаснат што се тоа „национални“ и што се тоа „државни“ интереси па, оттука, кажано во оваа една реченица, е сосема јасно кои се тие и какви се тие и таквите партиски типки и типови и кои и какви карактери се тие наши овдешни државни и национални демагози кои, нели, ни ги „бранат“ нашите државни и нашите национални интереси.