• Latest

Лавина дезинформации и обиди за политичка злоупотреба на случајот со монструозното убиство на 14-годишното девојче

December 5, 2023

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лавина дезинформации и обиди за политичка злоупотреба на случајот со монструозното убиство на 14-годишното девојче

December 5, 2023 10:32
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Многу дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор се проширија за исчезнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Покрај дезинформациите, одредени лица се обидоа од оваа трагедија да продуцираат етнички тензии во општеството и да добијат политички поени.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги негираше информациите пласирани во јавноста, првично од сопственикот на порталот Дудинка, Миленко Неделковски, кој доцна синоќа изнесе низа (дез)информации за убиството на малолетното девојче, односно дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.

„Апсолутна лага е дека полицијата не постапувала и не го обелодени случајот порано поради самитот на ОБСЕ. Станува збор за изолиран случај, а не е поврзан со генералната јавна безбедност. Бесмислица е дека заради собирот на ОБСЕ не се објавени информации за убиството. Освен тоа, друг оддел на МВР се занимава со безбедноста на ОБСЕ“, рече Спасовски.

Спасовски нагласи дека конструкциите дека наводно „детето било киднапирано сред бел ден во парк и однесено некаде“ воопшто не соодвествува со вистината, бидејќи се работи за изолиран случај, кој има организатори и крајна цел, односно нема врска со јавната безбедност генерално.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се обиде политички да профитира од трагедијата и веднаш побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Додека Игор Јанушев од истата партија на прес-конференција изнесе лаги дека во СВР Скопје официјално е заведено дека Љупчо Палевски Палчо е убиецот на Вања уште пред 5 дена, но дека криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите кои на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини.

„Тоа е апсолутна невистина. Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај“, се наведува во демантот од МВР.

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески, го злоупотреби случајот за политички цели и неуспешен обид да креира меѓуетнички тензии.

„Се обидоа да прикријат убиство на дете! Мартин Нешковски 2! Итно оставка и апсење на Обуџуко (Оливер Спасовски).

Богојески во еден статус пишува дека имал информации дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица и дали веќе се пренесени на Косово?

Додека во друг статус пишува дека „убијците на Вања се ослободени! Нема тројца уапсени, сите пет се ослободени“…

Богојевски на Фејсбук објавил дека во текот на вчерашниот ден бил на распит во полиција.

Пред да излезе официјално известување од надлежните институции за исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје, Вања Ѓорѓевска, на социјалните мрежи се прошири дезинформација дека „киднаперот на деца  е Сенад Маљоку“.

Сенад Маљоку е жител на Франција, кој за порталот Еуромапрес изјави дека е злоупотребена неговата фотографија за ширење лаги.

„Во Франција сум 15 години, за тоа време никогаш не сум бил не само во Македонија, ниту во родното Косово, ниту сум влегол на Балканот, не знам која е мотивацијата на овие чести напади врз мене. Не ми е јасна  причината зошто овој лажен профил често ме напаѓа мене и моите колеги од РТВ Рома каде што сум сопственик. Преку истиот профил често се објавуваа бизарни лажни објави со фотографии од моите колеги. Иако го имаме пријавено овој профил неколку пати истото име продолжува да не напаѓа преку други профили. Навистина не знам што е причина, но со тоа што се случи пред три дена обвинувајќи ме за киднапирање деца верувајте искрено психички сум парализиран. Дали е можно луѓето да бидат толку монструозни, особено оние кои го објавија ова лажно обвинение на нивните Фејсбук профили. Да, ако е така, француската полиција веднаш би ме контактирала според протоколот за полициска соработка со ЕВРОПОЛ“, вели Сенад Маљоку, за Еуромапрес.

Инаку, Сенад поднел претставка до францускиот полициски комесаријат за пронаоѓање на сторителот на лажните пријави против него, а ќе контактира и со МВР на Македонија бидејќи се сомнева дека лажниот профил и неговата IP адреса се од Македонија.

На Х мрежата прифилот „ПркашВоБембара“ ја коментира информацијата „сите вмешани се од македонска етничка припадност…“, додавајќи „Главен од нив што го знаеме засега се вика Сенад Маљоку. Добро важи, а другите четворица исто се Македонци и најверојатно се викаат Љуљдрим, Фљорим, Дритон и Џевдет. Абре имиња копита низаедни, сместа“.

Откако ја прошири дезинформацијата со цел да предизвика меѓуетничка нетрпеливост, (но не му успеа), тој го затвори својот акаунт на платформата Х (икс).

Министерот Спасовски, истакна дека криминалците се криминалци, монструмите се монструми без разлика на која вера и нација припаѓаат, нагласувајќи дека сите осомничени во убиството на малолетната Вања се од македонска етничка припадност.

„Станува збор за изолиран случај, на организирана група криминалци, бандити, монструми, кои сакале да изнудат финансиска корист и го познавале семејството. Наспроти шпекулациите, сакам да напоменам дека сите осомничени се од македонската етничка пропадност… не смее во вакви случаи да навлегуваме во конотации како што се меѓуетнички, меѓуверски, меѓупартиски… криминалците се криминалци, монструмите се монструми, без разлика на која нација и вера припаѓаат“, рече Спасовски.

Но, и покрај тоа што за жал, живееме во општество каде што етничката припадност на убијците мора да се нагласи за да нема меѓуетнички тензии, сепак на социјалните мрежи се уште се споделува информацијата дека убијците на девојчето сепак не се од македонска етничка припадност, туку се Албанци.

Лажна вест, односно манипулативен наслов е и дека главниот организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, лидерот на политичката партија Десна, Љупчо Палевски – Палчо е уапсен во Хрватска. Всушност се работи за вест дека Палевски претходно бил уапсен во Хрватска за друго дело.

Министерот Спасовски и јавниот обвинител Бубевски во новинарските прашања за вмешаноста на Палчо, не го посочија конкретно со име и презиме, но одговараа на прашањата на кои изрично беше посочено неговото име како првоосомничен во грозоморните дела.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија.

Адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма изјави дека го однел Љупчо Палевски Палчо во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски.

Инаку, против Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиствата на Вања и Жежовски, во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување.

ЦМТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ