• Latest

Ковачевски по лидерската средба: Договоривме датуми за редовните избори, европскиот пат е почнат и сега е момент да се постапи правилно, иницираме Европски фронт!

December 4, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски по лидерската средба: Договоривме датуми за редовните избори, европскиот пат е почнат и сега е момент да се постапи правилно, иницираме Европски фронт!

December 4, 2023 16:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија, а на којашто присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на премиерот Ковачевски.

„Сакам да изразам сочувство во мое име и во името на сите присутни овде до мене, до семејството до сите роднини и пријатели, соученици на 14 годишната Вања. Огромна е тагата која ја чувствуваме по загубата на овој млад живот. Сакам да се заблагодарам на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство кои работеа интензивно и целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство.

Очекувам во најкраток можен рок сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат најстрога одговорност. Ова е исклучително тежок ден и затоа апелирам да се следат информациите исклучиво од надлежните институции кои навремено и по протокол споделуваат максимално можно со цел да се избегнат шпекулации и секако да не се наштети на истрагата.

Денес со претседателите на парламентарните политички партии имавме дискусии на повеќе теми важни за граѓаните и државата. Разговаравме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ ОДИХР, како и за датумот за редовните претседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во 2024 година.

Драго ми е што имавме прилика во домов на демократијата, Собранието во име на граѓаните на нивните интереси и потреби, сегашност и иднина отворено да дискутираме на овие теми што ги сметам за чекор напред, во обезбедувањето на високо ниво на политичка зрелост на која инсистирам од првиот ден на мојот мандат.На средбата ги информирав претседателите на политичките партии за статусот со процесот на скрининг кој се одвива успешно и според утврдената динамика. Разговаравме и за планот за раст со кој земјата и граѓаните ќе имаат конкретно да ги почувствуваат придобивките од членството во ЕУ уште пред земјата формално да стане членка на Унијата. Разговаравме за процесот на завршувањето на уставните измени како и што кажав на лидерската средба за нас за СДСМ и коалициските партнери, нема дилема дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ, дека европскиот пат е започнат како процес и дека тука нема застанување, дека ЕУ е нашата единствена алтернатива.

Прифаќањето на уставните измени останува единствениот предуслов за да продолжиме напред, тоа е јасно и секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука. Овој став го споделив на лидерскиот состанок, со напомена дека уставните измени ќе останат да бидат обврска и за овој парламентарен состав и за секој нареден и секоја теза дека има некоја друга алтернатива за нашето членство во ЕУ е погрешно.

Сега е време да се постапи правилно и да се донесат уставните измени. Што се однесува до измените на Изборниот законик, препораките на ОБСЕ / ОДИХР се препораки во делот на законската рамка, постапката во делот на приговор и жалбена постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите, регистрацијата на гласачи, изборната кампања, финансирањето на кампања, медиумското претставување во изборниот процес.

Измените кои ги разговаравме се веќе усогласени и имплементирани во Предлог законот. Овие чекори кои се преземаат со имплементирање на препораките, а се со вклученост на сите политички чинители, е одличен пример за добра координација и заедничка работа во насока на подобрување на изборниот процес и генерално на изборите во иднина.

Што се однесува до процедурата, овие измени, односно Предлог законот ќе се достави до координаторите на пратенички групи со цел да влезе во собраниска процедура и да се изгласа навремено.

И последната тема на разговор, беше датумот за избори.

Најпрво морам да изразам задоволство што по 17 години повторно имаме редовни парламентарни избори. Последните редовни парламентарни избори во нашата држава биле во 2006 година. Тоа значи дека Владата успеала да креира дополнителна стабилност, извесност, предвидливост и почитување на редот и законите согласно највисоки демократски принципи. И тоа е голем чекор, по постоењето на заробената држава до пред само помалку од една декада.

По интензивна комуникација со коалициските партнери, како и активно следење на ставовите на сите политички партии, вклучително и работни групи кои работеа во измените на Изборниот закон, согласно ОБСЕ/ОДИХР во кои учествуваа сите политички партии, она што го посочив е дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на месец април, односно редовните парламентарни избори да се одржат на почетокот на мај.

Секако мораме да ги имаме предвид и законските ограничувања, но и внимаваме на верските празници кои ни следуваат, а тие се всушност целиот месец април кој е месец на Рамазан, а на самиот почеток на мај е Велигден.

Имајќи го сето ова предвид, на средбата предложив термини за одржување на претседателските и парламентарните избори, да се 24 април за прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски избори и воедно и парламентарни избори.

Она што го заклучивме на средбата е дека редовните избори ќе се одржат на 24 април и тоа прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и парламентарни избори.

Согласно законот, техничка влада односно пржинска влада ќе има од 28 јануари и законската обврска која јас како премиер ја имам ќе се исполни, и секако коалицискиот договор ќе си биде исполнет.

Дополнително би сакал да ве информирам дека на вечерашната седница на Извршниот одбор, СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ.

Во оваа насока ги повикавме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт.

Многу е важно сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика, заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година и економски напредок, подобар животен стандард, врвна демократија, и социјална правда за нашите граѓани.

Врз основа на овие политички принципи за формирање на Европски фронт, Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател согласно статутот и соодветните правилници во партијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ