Авторка е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, за која ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година.
Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“. Тина Иванова е авторка и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013).
Авторка е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија.
Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015).
Пишува стручни текстови, музички критики, текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата.