• Latest

И Делчев би црвенеел од срам!

December 8, 2016
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И Делчев би црвенеел од срам!

December 8, 2016 15:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашниот говор на експремиерот Никола Груевски пред неговите поддржувачи, на митингот во Делчево, каде ја испрати најжестоката закана досега на политичката сцена во независна Македонија, денеска целото работно време, се надевав дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, конечно, по цела деценија, ќе собере храброст за соочување, ќе ѝ се обрати на целата македонска јавност и ќе ѝ се извини – нормално, и на политичкиот противник – и како демохристијанин, ќе се покае за, најблаго речено, безумната изјава… Кога попладнево стигна информацијата дека проговорил за скандалот, зажалив што воопшто посакав да одговори. Популистички проѕирно, „проблемот“ – Заев, СДСМ и опозицијата, Груевски од атентаторот Ќосе-Касапот, демек, му го префрли на народот. Да не е соблазнително, би било смешно…

sinischa-kolumna
Пишува: Синиша Станковиќ

Колку и да е висок влогот на изборите во недела, кои за Груевски и за многумина од власта, можат да значат, не само губење на моќта и привилегиите, туку и судење без притисоци врз судиите и пресуда заснована врз закон – по што е отворена можноста за заминување зад решетки – претпоставувам дека за секој рационален човек беше незамисливо тоа што Груевски, кој десет години се плаши и од сенката на некој опозиционер или на критички настроен новинар, а кој веќе е и обвинет за заткулисно иницирање на насилство, еуфорично му закани на политичкиот опонент – со морничавата алузија за негово „решение“.

Навистина, според „бомбите“, Груевски имал обичај да ги навредува и да им се сити на политичките противници, а и во текот на кампањата, во наплив на митингашки адреналин и под притисокот – Македонија да стане правна држава, се закануваше дека народот ќе го „избришел“ лидерот на опозицијата од политичкиот живот. Ама, „носталгијата“ за времињата кога лица со прекар „Касап“ биле испраќани да ја „завршат приказната“ со неистомислениците е вџашувачка. И покажува до кое дереџе е дојден лидерот и неговите послушници кои дури и му аплаудираа?!

„Тој (Заев – н.з) најде да го цитира Делчев. Јас ќе му кажам! Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само ‘Ќосето’ да ја заврши приказната со таков човек“, му се закани вчера Груевски на Заев.

А, контроверзната личност на која власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ѝ поставија споменик пред објектите на судовите, Андон Лазов Јанев – Ќосе (познат и како – Касап) бил асасин, атентатор по наредба на Организацијата, но во едно револуционерно време. Вчера, Груевски јавно испрати кошмарна закана дека еден Гоце Делчев, таков тип би му испратил на Заев, да ја „заврши приказната“!? Јасно е дека пораката не беше за Заев, кој во досегашната политичка кариера докажа дека не се плаши, туку на неговите поддржувачи и на евентуалните конвертити од ВМРО-ДПМНЕ, кои сфаќаат каде оди Македонија и на кои, ако веќе не сакаат да гласаат за опозициската коалиција која ја предводи СДСМ, лесно би можеле да се свртат кон ВМРО-коалициите, предводени од вистинските основачи на ДПМНЕ.

cose

Колку и да е исплашен, Груевски како човек кој со години е во политиката, а цела деценија без очет и одговорност, бескрупулозно владее со Македонија, мораше да знае да ја процени одговорноста за јавно изречениот збор, и очекував дека, како и многупати досега, како класичен популистички пишман-аџија, ќе се обиде да ја забошоти работата. Кога попладнево стигна информацијата дека проговорил за скандалот, зажалив што воопшто посакав да одговори…

Појаснувајќи ја заканата, Груевски рекол: „Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел, што би направил Гоце Делчев. Денеска имаме слободна, суверена, независна држава, демократска, во која народот одлучува. Денеска, во ова време, народот ќе го реши овој проблем на 11-ти декември, со масовно излегување и гласање против СДСМ, против политиките на СДСМ и на Заев и во поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата ‘За подобра Македонија’“.

Без трунка самокритичност, не разбирајќи што рекол или глумејќи дека не разбира (не се знае што е поопасно) до балчак проѕирно, „проблемот“ – демек, Заев сосе СДСМ и опозицијата, Груевски од Ќосе-Касапот му го префрли на народот. Демек, ја ублажи работата. Народот ќе го решел проблемот, со масовно гласање за ВМРО-ДПМНЕ. Да не е соблазнително, би било смешно…

А кога веќе Груевски не изнајде доблест да се покае, најискрено се надевав дека барем некој од луѓето кои ги познавам и кои, од за мене необјасниви причини, сé уште се обидуваат да изнајдат некакво оправдување за Груевски и Фамилијата (по „бомбите“ и невидениот криминал, по ароганцијата и изживувањата, по неразјаснетите смртни случаи и осудувањата и затварањата на невини лица, по срчосувањето на иднината на Македонија со протерувањето на 600.000 млади, ете и по скандалознава изјава на Груевски…), денес јавно ќе крикне! Ќе повика на вразумување и на спречување на говорот на омраза што нé турка во лудило, добро познато на просторите на некогашната заедничка држава… Но, морничавиот молк смрзнува!

Ќе се свестиме ли сите, од обете страни на медалот, дека нема веќе место за леви – десни, Македонци – Албанци (и сите други од Преамбулата), Словени и антички, христијани – муслимани… Кукавичката закана во повикот на „завршување на приказната“, бесрамно прикривана зад името и делото на Делчев, мора да биде осудена од сите кои сé уште не потонале длабоко во омразата кон сé и сешто. Омраза кон инаквите, само за одбрана на една група властодршци кои аздисаа, оти тоа им го дозволивме сите ние! И оние кои за пензиичка, за административна или слична клати-врата плата или трансфер во Скопје, за субвенција, за бајковити ветувања…, ја продадоа иднината на сопствените деца и внуци… Но, и ние, кои се потсмевавме, не сакавме да ги валкаме рацете и неколку години си ја гледавме работата (оставајќи ги некадарните безделници, од Македонија да направат арамиско гнездо и селски панаѓур со застрашувачки Луна Парк), сé додека маката не нé истера на улиците…

Не знам дали ќе реагираат полицијата, обвинителството, интелектуалците…, ама сакам да верувам дека ќе реагира оној, обичниот државјанин на Македонија. И, ќе го казни сеењето омраза од митингашката говорница.

 

 

Tags: говор на омразаГоце ДелчевЗоран ЗаевНикола Груевскискандалозна изјаваЌосе
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ