• Latest

Дерала: Точноста на информациите е пресудна овие денови!

December 8, 2016

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Точноста на информациите е пресудна овие денови!

December 8, 2016 16:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Среде политички пеколно-жешкиот декември, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги наградува граѓанските новинарки и новинари кои со својата камера документираа неколку настани од турбулентната македонска стварност. ЦИВИЛ им овозможува на граѓанските новинарки и новинари безбеден простор да се искажат и да споделат информации, факти и стории од изборното секојдневие.

Тие што имаат снимка, фотографија или сторија за изборните нерегуларности, за кршењето на гласачкото право, за злоупотребите, притисоците и заканите, за поткупот на гласачите…, сите тие можат да бидат дел од големото семејство граѓански новинарки и новинари кои соработуваат со ЦИВИЛ. Прилозите можат да се објават анонимно, бидејќи условите кои ги нуди ЦИВИЛ го дозволуваат тоа – важно е да се дознаат фактите, да се разобличат постапките на оние што го кршат законот, наместо да го спроведуваат.

По повод проектот, на само три дена од предвремените парламентарни избори во Македонија, разговараме со Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој вели дека неговата позиција во организацијата е сосема неважна и дека е доволно да кажеме дека е од ЦИВИЛ.

14449950_1066720323446436_8340080382795507005_n

„Граѓанските новинарки и новинари ширум светот имаат огромна моќ. Благодарение на достапната технологијата и интернетот, тие имаат можност да ги разоткријат лошите постапки на моќниците и нивните пешадинци, да придонесат кон јакнење на слободата на изразувањето. Ако некогаш моравме, често безуспешно, да чекаме корумпираните уредништва да објават некоја алармантна сторија за кршењето на човековите права, сега тоа можеме да го направиме самите, со помош на нашиот смарт телефон и социјалните мрежи. Во денешно време, граѓанските новинарки и новинари снимаат кратки видео-стории чија видливост лесно ги надминува тиражите и на најголемите весници или гледаноста и на најпопуларните емисии“, вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ, објаснувајќи ја важноста на граѓанското новинарство денес.

Според Дерала, соработката со граѓанките и граѓаните е од исклучителна важност. „Како и секогаш, ЦИВИЛ се потпира на таа соработка за да дојде до информации и стории за тоа што навистина се случува во нивните животи. Иако ЦИВИЛ има само 300 набљудувачи, јавувањата од целата земја и прилозите на граѓанските новинарки и новинари ја прават оваа мисија многу поголема. Тоа е заедничка мисија на голем број свесни и совесни граѓанки и граѓани на оваа земја, без оглед на нивната етничка или верска припадност, политичка афилијација или социјален статус“, вели Дерала.

ЦИВИЛ го формираат независни интелектуалци, уметници и новинар(к)и на 25 ноември 1999 година, како организација за која странските медиуми велат дека размислува и делува „надвор од кутијата“ (оригинално), а во земјата е популарна и ужива голема поддршка.

„Сакам да истакнам дека сум горд што ЦИВИЛ денес ја отсликува Македонија по сите основи на различностите. Уште повеќе се гордеам што уживаме огромна доверба и поддршка од граѓанките и граѓаните ширум земјата и даваме сѐ од себе таа доверба да ја оправдаме. Како и порано, така и во овие напнати денови, кога точноста на информациите е многу потребна, информациите и сториите се на дофат на раката, токму поради довербата од граѓанките и граѓаните, но и поради отвореноста и искреноста на нашиот заеднички ЦИВИЛ“, вели Дерала, осврнувајќи се на шареноликоста на организацијата, но и на потребата од точност на информациите кои се пласираат во јавноста.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓански новинарЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ