• Latest

Во Тетово одземени над 3000 пиротехнички средства, приведен тетовец

December 18, 2023

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Во Тетово одземени над 3000 пиротехнички средства, приведен тетовец

December 18, 2023 19:09
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Share on FacebookShare on Twitter

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на празничните денови продажбата и  употребата на поротехнички средства и распрскувалки материјали за „славеничко пукање“ добива на интензитет. И покрај редовните акции кои ги презема МВР за сузбивање на оваа негативна појава, сепак ваквиот тренд никако да престане.

Така, и денес (18 декември), според информациите на МВР, полициски службеници на СВР Тетово, околу 15 часот, на градскиот плоштад во Тетово,  лишиле од слобода 54-годишен тетовец со иницијали Ф.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени над 3000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик. Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците ( основци и средношколци ) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е казниво согласно Кривичниот законик.

ЦИВИЛ  и оваа година се придружува на апелот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели: „Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

М. Д.

Tags: МВРпетардипиротехникаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ