• Latest

Мицкоски „глув и слеп“ за европскиот пат на Македонија, не ги слуша ни советите од ЕУ и САД

December 22, 2023
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски „глув и слеп“ за европскиот пат на Македонија, не ги слуша ни советите од ЕУ и САД

December 22, 2023 15:45
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави и пријателските европски земји јасно кажаа кој е патот на напредокот на Северна Македонија. Од нивните пораки се гледа кои се деструктивните фактори кои сакаат земјата да ја смени стратешката ориентација и кои се прогресивните сили кои носат развој на земјата и интеграција во Европската унија.

САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за Македонската информативна агенција. На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот на Стејт департментот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’брајан при неговата посета на Скопје, прстот го впери кон првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за стагнацијата на државата на патот кон ЕУ.

Тој изјави дека е важно Северна Македонија да изнајде начини за да се движи напред и дека единственото решение се уставните измени за да се оди напред на патот кон ЕУ.

– Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така, изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Според него, граѓаните кои гласаат го прават конечниот избор, но, како што нагласи, луѓето не би требало да гласаат за тие кои нудат алтернатива, без да кажат што е алтернативата.

Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори од маргините на 30-тиот Самит на ОБСЕ одржан во Скопје упатија и американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција.

Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Северна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ.

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер во неколку наврати потврди дека Северна Македонија веќе е дел од Европа и тоа треба да се формализира. Според неа придвижувањето на Северна Македонија кон ЕУ е во интерес на сите, а особено на најмладите, кои, како што рече, ќе бидат мотивирани да останат во државата и во неа да бараат можности.

– Знам дека е тешко, но само погледнете ги овие деца, ние не сме во ЕУ, ние од САД не сме во Европа, но тоа го правите за овие деца да имаат можности и за да сакаат да останат во оваа земја кога ќе пораснат, кога ќе завршат средно училиште, кога ќе одат на факултет, тие се вашиот пример зошто тоа е важно, изјавила Агелер.

И германската влада не се откажува од усвојување на уставните измени во Северна Македонија, со што на земјата би и се отворил патот кон продолжување на преговорите за членство со ЕУ.

– Во Северна Македонија, владата и опозицијата имаат пред себе измена на Уставот. Сега мора да ги спроведат измените во интерес на сопствената земја. И ќе ви бидам благодарен Вам, драги колешки и колеги од ЦДУ/ЦСУ, доколку го искористите вашето влијание врз сестринската партија во Северна Македонија за да пружите конструктивна помош за решение, изјавил Шолц.

Новинарот и политички аналитичар Ерол Ризаов во изјава за „Фронтлајн“ вели дека „почнатите преговори со ЕУ по успешниот скрининг треба да продолжат по одлуката на Собранието за уставни промени“.

„Кога едноставните работи се усложнуваат со манипулации и лаги резултатот е тој што го гледаме со години во Македонија. Почнатите преговори со ЕУ по успешниот скрининг треба да продолжат по одлуката на Собранието за уставни промени. Ако не се донесе таква одлука станува неизвесно кога тоа ќе се случи бидејќи релевантни политички партии за тоа немаат навестување, ниту некоја поцврста определба. Ова е таа едноставна ситуација со едноставно решение“ – изјави за „Фронтлајн“ Ризаов.

Тој нагласува дека „со години се одбегнува да бидат донесени одлуките за европеизација на Македонија, се вади милитантен арсенал за наводно предавство и распродажба на националните интереси“.

„Сведоци сме како со години се одбегнува да бидат донесени одлуките за европеизација на Македонија. Притоа се вади милитантен арсенал со кој се алармира јавноста за предавства и распродажба на националните интереси, на македонскиот идентитет, на јазикот, на историјата, се тврди дека никогаш нема да влеземе во ЕУ, што сè заедно предизвикува голема конфузија кај граѓаните. Тоа е сеење на отров што кај голем број граѓани предизвикува слепило да не се видат јасно работите“, вели Ризаов.

Политичките партии, иако не можеa да најдат заеднички јазик и политички компромис за усвојување на уставните измени за да може земјата непречено да се движи кон ЕУ, сепак се договорија во 2024 година земјата да оди на двојни избори, парламентарни и претседателски.

Изборите следната година, ќе бидат 11 парламентарни од осамостојувањето на државата, додека претседател ќе се бира по седми пат, вклучувајќи го и првиот од двата мандата на Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието согласно тогашните уставни решенија.

Извор: Фронтлајн / Дестан Јонузи

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антиЕУВМРО - ДПМНЕСАДХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ