• Latest

Кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите!

December 10, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите!

December 10, 2016 17:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во една општина, директорот на училиштето му забранил на еден вработен, тој и целото негово семејство, да се појави на гласање утре. Според ова сведоштво, тој „не бил сигурен гласач“. На расправијата меѓу директорот и вработениот, присуствувале и други вработени во институцијата.

ЦИВИЛ повторно ги повикува сите актери во изборниот процес да престанат со притисоци врз гласачите, а граѓанките и граѓаните ги повикуваме да продолжат со своите пријави за нерегуларности, притисоци и поткуп, при што нивната анонимност, како и секогаш, ја гарантираме во целост.

Од почетокот на изборниот молк, до ЦИВИЛ стасаа околу триесет извештаи од изборните набљудувачи, како и десетина пријави од граѓанки и граѓани, за кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите. Се забележува дека политичките партии се однесуваат слично, ако не и полошо во споредба со претходните изборни процеси. Во ова соопштение до јавноста доставуваме избор од случаите пријавени во ЦИВИЛ до 14 часот.

Во с. Подареш, општина Радовиш, во тек е изградба на пат, што претставува кршење на изборниот молк. Иста ситуација е нотирана и во с. Миравци, општина Гевгелија.

Вработени во една скопска општина во моментов организирано се јавуваат кај гласачите и вршат агитација и притисок, според извештајот од мобилниот набљудувач на ЦИВИЛ.

Истото го нотира и набљудувачот од с. Матејче, општина Липково, кој јавува за кршење на изборниот молк од страна на две политички партии во ова село.

Во текот на изборниот молк, во населбата Маџари, скопско, се појавил печатен материјал со црна кампања против опозицискиот лидер Зоран Заев во кој пишува дека тој ќе ја кантонизира Македонија.

15435935_10154342275192981_1323331237_n

Во Ново Лисиче, осамнаа знамиња на ВМРО-ДПМНЕ на бандерите во екот на изборниот молк.

Нашите набљудувачи од Кичево јавуваат дека во Општинската изборна комисија владее хаос и дека на некои членови на Избирачките одбори не им е дозволен пристап до просториите каде што се средува изборниот материјал, не се знае кои болни и изнемоштени ќе гласаат, а постојат и индиции дека се гласа во име на друг.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориизвештаимониторингпредизборен молкЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result