Директна закана по животот на Џабир Дерала: Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне
Директна закана со убиство денеска му беше упатена на Џабир Дерала, петседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода. Во коментар на неговата колумна „Снајперисти со врзани очи“, од профилот „Александар Антиќ“ беше напишан коментарот:
„Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“
На профилот стои дека се работи за лице кое се претставува како правник и дека е од Скопје. Повеќе податоци не се откриваат во профилот за оние што не му се Фејсбук пријатели.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ја издвојува оваа закана како вистински опасна по животот на колегата Дерала, но треба да послужи и како илустрација, бидејќи не е единствена.
Воедно, ЦИВИЛ ја потсетува јавноста и надлежните институции, во прв ред МВР и ОЈО, дека колегата Дерала е под континуиран напад и од дел од медиумите, вклучувајќи и телевизии кои емитуваат програма на национално ниво, блиски до антизападните политички ентитети и центри на моќта и надвор од земјата.
Од организацијата испратија пријава до Министерството за внатрешни работи.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до надлежниот сектор на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала.
ЗНМ стапи во комуникација со контакт лицето во МВР задолжено за напади врз новинари, каде што го пријави случајот, а пријавата е истовремено адресирана и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Борел: Гласачите, врз основа на страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ
„Се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт.
Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население“, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИК –Министерот за информатичко општество и администарција Азир Алиу верува дека ќе биде комплетиран составот на ДИК односно ќе биде избран седмиот член, во согласност со законот и дека од резултатот ќе бидат задоволни сите.
КОАЛИЦИИ Опозициските партии на Албанците – Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени соопштија дека од сега го имаат и четвртиот партнер на коалицијата, Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.
ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска. По тој повод, обвинителот Јовески се обрати до јавноста и до јавните обвинители.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украинците втора година по ред го прославуваат Божиќ во услови на целосна руска воена агресија, жестоки борби на линиите на фронтот и брутално руско ракетирање и гранатирање на цивилната инфраструктура.
ГАЗА – ИЗРАЕЛ
Додека црковните ѕвона одекнуваат низ тесните улички на Витлеем кои личат на лавиринт со приближувањето на Божиќ, градот на Западниот Брег, окупиран од Израел, традиционално треба да биде преполн со посетители. Но, годинава е речиси пуст.
*
Најмалку 70 лица загинаа во израелски напад во бегалскиот камп Ал-Магази во центарот на Газа во неделата, според Министерството за здравство на појасот, управувано од Хамас, пренесе Си-Ен-Ен.
РЕГИОН
Голем опозициски протест пред РИК во Белград: „Да ја одбраниме изборната волја на граѓаните“
Белградски студенти најавија шестчасовна блокада на градот во протест на изборните резултати
Почнаа блокадите на белградските студенти пред Министерството за државна управа и локална самоуправа
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор: Албански медиуми: Косово алармира за можни напади на северот; Последната недела од годината пресудна за Бериша и ДП
ИНТЕРВЈУ
Ковачевски за ЦИВИЛ МЕДИА: Јас ќе ја составам следната Влада која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија во Европската Унија
Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, премиерот Ковачевски одговара на повеќе прашања групирани во посебни области. Почнавме со економијата, за да продолжиме со можностите што ги пружа процесот на ЕУ интеграцијата и чекорите што ги презеде владата за да се справи со енергетската и економската криза.
Неизоставно, го прашавме премиерот за европските перспективи во контекст на изборните процеси што ѝ претстојат на нашата земја во 2024 година и за групирањето во проевропски и антиевропски политички блокови кои веќе сега јасно се исцртуваат на македонската предизборна мапа. Како организација и како редакција со изразит интерес во областите на мониторингот на меѓуетничките односи, како и промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности, побаравме одговор од премиерот за стратешките чекори и во тие области.
(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Костовски и Мишев за главните пропагандни наративи во контекст на изборите во Србија и на претстојните избори во Северна Македонија.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Eлкичката на градоначалничката е само лајтмотивот за искажување на акумулираниот револт кон дереџето во кое дојде Скопје. За да имаме нечисто Скопје, со воздух кој труе, со сообраќаен хаос, со автобуси кои се расипуваат на улица, со несредени паркови, одговорност имаме сите. И ние неутралните набљудувачи на состојби во земјата и градовите.“, пишува Сефер Тахири во колумната „Скопје 2023“.
„Авторите на насловите од типот „Костовски, соработник на Дерала…“ или „Атанасоски за медиум на Дерала…“ немаат јасна претстава за тоа колку е или не е прецизна нивната нишанска справа. Така, наместо да ѝ наштетат на својата жртва, тие ѝ помагаат да стане посилна и повидлива.“, пишува меѓу другото Џабир Дерала во едиторијалот „Снајперисти со врзани очи“.
„Партиската доктрина на ВМРО-ДПМНЕ сведена во два, три збора би била “да ама не“, политика со која кога е густо се бега од битката за државата и сета партиска енергија во кризните етапи се вложува во битки за гласови на граѓаните…“, По допрен глас „Историско НЕ за државата – дневно политичко ДА за гласовите на граѓаните“, од Зоран Иванов.
Подготви: Д. Тахири












