• Latest

(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Костовски и Мишев за главните пропагандни наративи во контекст на изборите во Србија и на претстојните избори во Северна Македонија

December 25, 2023
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Костовски и Мишев за главните пропагандни наративи во контекст на изборите во Србија и на претстојните избори во Северна Македонија

December 25, 2023 15:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите во Србија и изборниот инженеринг кој го примени актуелната српска власт, потсетува на едно време кога увозот на гласачи, поткупот на гласачи, „бугарски воз“ – беа дел од изборната практика во Македонија. Во својата анализа новинарот и аналитичар Љубомир Костовски, пишуваше токму на оваа тема, а новинарот Драган Мишев, во неколку наврати на пропагандните руски наративи кои преку српските медиуми навлегуваа во јавниот макеоднски простор.

Во „Ослободи го умот“ Костовски и Мишев зборуваа за главните пропагандни наративи во контекст на изборите во Србија и на претстојните избори во Северна Македонија, како и руската пропагандна и хибридна закана за нашата држава и улогата на македонските медиуми.

„Ќе има малку подолгорочна криза, предвидувам дека нема да функционираат клучните институции и законодавната власт, а каков ќе биде односот во регионот – секако ќе биде неповолен, затоа што пред сè имаме јасни докази за мешање на соседни народи кои си имаат своја држава, а некои од нив се и функционери во таа држава. Видовме дека Додик беше првиот што му честиташе на Вучиќ и стоеше веднаш зад него, а лево од него, поркај српската премиерка седеше претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, што е тотално невообичаено. Што бараше таму, која била неговата улога“, вели Костовски, додавајќи, дека за легитимитетот на изборите во Србија говори и тоа дека само Путин, Орбан и Ердоган му честитаа на Вучиќ за победата.

Во таа насока, Мишев додаде дека влијанието на руската порпаганда кај нас доаѓа од српските медими, додавајќи дека по победата на Вучиќ, на површина веднаш излегоа руските инсталации во регионот, доказ за тоа се Додик и Мандиќ на главниот прес по првичните изборни резултати во Србија.

„Што се однесува до странските фактори, недостасува таа осуда, недостасува посочување на директниот виновник кој стои зад целата операција на дестабилизација на целиот регион. Еден од примерите за хибридни закани што доаѓаа од разни страни, но главниот иницијатор беше РУсија, е последната дојава за бомба во Републичката изборна комисија на Србија. непосредно пред опозицијата да стигне да ги достави приговорите. На крајот успеаја, но тоа е една од класичните начини на дефокусирање. Слично како кај нас. Ние имавме еден хибриден напад, сајбер напад на безбедноста, стабилноста,  општа загрозеност по животот на граѓаните кај нас, истото тоа се повторуваше во Србија“, изјави Мишев.

Мишев додаде дека откако се забранија руските државни пропагандни канали во Македонија, нивното присуство остана на нашите просори преку србските медиуми. Македонските медиуми оние што се проруски, целосно ги преземаат вестите од српските медиуми што се однесуваат на руската пропаганда.

„Ние нема да имаме никаква институционална одбрана од пропагандните наративи во пресрет на изобрите кај нас“, смета Костовски во контекст на очекуваните пропагандни наративи во пресрет на изборите во Македонија, сметајќи дека ААВМУ кои, според него, ќе бидат контрапродуктивни, прашувајќи дали некогаш за нешто, самоиницијативно, истапиле за да забранат.

„Обично од разговорите од каде што произлегува руската пропаганда често се дава на неуки новинари, кои од денвни вести, преминуваат да водат глобална политика. Пример: Добро е што сега сме во НАТО – наслов на попладневна емисија во која учествува наш колега, еден од најотворените пропагатори, чиј син е директор на Лукоил, а разговара со човек кој првпат во животот води дебата. и наместо „Добро е што сме сега во НАТО“, на крај излегува нешто сосема друго. Излезе заклучокот – така и ни треба кога сме во НАТО. Тоа се толку уиграни работи. Русија толку е стара школа, која не с еменува, само се менуваат наративите“, вели Костовски.

Мишев додаде дека тоа надворешно влијание е отворено и се знае кои медиуми се во прашање и од каде доаѓаат финансиите.

Б. Јордановска

камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

 

Tags: Драган МишевизбориЉубомир КостовскиМедиумиОслободи го умотруска пропагандаСеверна МакедонијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ