• Latest
Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

24 ЧАСА: Работен однос на неопределено време за 1.117 здравствени работници; нема посебна процедура за техничката влада; МОН ветува долгорочно решение за Чашка; ЦИВИЛ во новогодишната честитка порачува – Кажи ДА и мисли го тоа!

December 28, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Работен однос на неопределено време за 1.117 здравствени работници; нема посебна процедура за техничката влада; МОН ветува долгорочно решение за Чашка; ЦИВИЛ во новогодишната честитка порачува – Кажи ДА и мисли го тоа!

December 28, 2023 16:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата ќе го решава работниот статус на 1.117 лица во здравството

Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Џафери: Нема посебна процедура за техничката влада, претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани на средината на февруари

„Нема посебна процедура по однос на формирање на техничка влада од ваков тип кое што произлезе од Пржинскиот договор. Но во принцип основот е процедурата за избор на влада, која што е пропишана но не мора да е во тие рокови и времетраење. Формално, според Деловникот дебатата трае два дена, мора да се планира свикување, па подготовки, оставки, претходни процедури кои треба да се завршат за да почне седницата соодветно и да трае евентуално до вториот ден. Формално е истата процедура како при избор на нова влада“, изјави меѓу другото претседателот на Собранието Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите годинава.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА  Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека од  1 јануари 2024 година ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

ДИК го усвои оперативниот план на стручната служба за менаџирање избори.

СЛУЧАЈ ЧАШКА Министерот за образование Јетон Шаќири уверува дека се работи на долгорочно решение во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, каде родители реагираат на одлуката да биде отворена паралелка на албански јазик.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Од САД за Украина 250 милиони долари – последна транша достапна без гласање во Конгресот
  • Триесет и седум странски компании подготвени да придонесат за деминирање на Украина
  • Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека македонската армија не била во можност позитивно да одговори на новото барање на Украина за воена помош.
  • Зеленски: Украинската одбранбена индустрија може да влезе во топ-10 одбранбени комплекси во светот

КОНФЛИКТИ

  • Во текот на изминатите 24 часа, речиси 200 Палестинци загинаа, а повеќе од 300 други беа повредени во израелските воени напади во Газа.
  • Во извештајот на ОН објавен денеска, се нагласува дека ситуацијата со човековите права на окупираниот Западен Брег брзо се влошува и го повикаа Израел „да стави крај на незаконските убиства“ на палестинското население.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

– Судот денеска ќе решава за Бериша

–  Фикс Фаре/ Поранешни заменици, поранешни градоначалници, поранешни директори присвоиле милиони евра од земјоделски фондови од ИПАРД!

–  МО на Косово: Три од четирите бригади на српската армија се наоѓаат долж границата со Косово

– Запленети околу седум илјади фалсификувани евра во Косово Поле и Грачаница

– КОЛУМНА – 2023 година – Година на  Африм Буњаку

МОНИТОРИНГ

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

„Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“ – гласи заканувачката порака од профилот со назив „Александар Антиќ“ во кој е наведен податокот дека е од Скопје, упатена кон Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“…

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

НОВОГОДИШНА ОД ЦИВИЛ: Кажи ДА и мисли го тоа

Дали светот се ближи кон својот крај? – се прашуваат многумина во изминатиот период.

Вистинското прашање, според ЦИВИЛ е: Можеме ли да го спасиме светот?

А одговорот на тоа прашање е: Кажи ДА и мисли го тоа!

ЦИВИЛ – Центар за слобода им ја честита Новата Година на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и ги повикува своите членови, поддржувачи, партнери и соработници да бидат уште поактивни во одбраната на човековите права и слободи во 2024 година.

Здружената редакција на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА им благодари на сите читателки и читатели за довербата и поддршката во 2023 година и најавува уште побогата продукција во 2024 година.

Среќна Нова, граѓанки и граѓани на светот!

СЛОБОДНА ЗОНА

„Непосредно по затворањето на избирачките места во соседна Србија пред десеттина дена, за време на првите, нецелосни прес конференции на партиите, за првпат, во јавноста на овој дел од Европа го слушнавме подзаборавениот збор „Мајдан“, пишува авторот Љубомир Костовски во анализата „РУСКИ ЧАЈ ВО ПОСТИЗБОРНА СРБИЈА: Преку етикета за „Мајданизација“ до алиби за апсења и бруталност“.

„На плоштадот во мојот Штип на најмалите Дедо Мраз им дели пакетчиња, а детските гласови прават убава атмосфера на радост. Мојата ќерка која го напушта тој детски период некако потсмешливо заклучува: „Види ги овие малите, веруваат дека пакетчињата ги донесува Дедо Мраз. Јас веќе не верувам во Дедо Мраз“, пишува Војо Маневски во колумната „Кој верува во Дедо Мраз?“.

„Мицкоски со 10 милиони евра, народни пари, сака предизборно да ги „поткупи“ медиумите. Но, дали ќе му успее!?“, пишува Дехран Муратов во колумната „Мицкоски со 10 милиони евра, народни пари, сака предизборно да ги „поткупи“ медиумите!“.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ