• Latest

Албански медиуми: Судот денеска ќе решава за Бериша; поранешни албански функционери присвоиле милиони евра од ИПАРД фондови; три бригади од Српската армија стационирани долж границата со Косово

December 28, 2023

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Судот денеска ќе решава за Бериша; поранешни албански функционери присвоиле милиони евра од ИПАРД фондови; три бригади од Српската армија стационирани долж границата со Косово

December 28, 2023 11:23
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска судот ќе решава за Сали Бериша, откако вчера по втор пат ја одложи мерката куќен притвор.

3 бригади имаат оперативно проширување долж границата со Косово. Ова проширување е претставено преку воспоставување на 48 напредни оперативни бази на армијата и жандармеријата долж целата гранична линија, соопшти Косовскиот министер за одбрана.

Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Клан: Судот денеска ќе решава за Бериша

Втор пат по ред Специјалниот суд вчера го одложи донесувањето на мерката за безбедност против Сали Бериша, по барањето на СПАК да се заостри мерката  куќен притвор.

Причина беше барањето на адвокатите на Сали Бериша за изземање на судијката Ирена Ѓока. Адвокатот на поранешниот премиер објаснува зошто го повторуваат барањето откако двапати било одбиено, пренесе Клан.

Топ Чанел : Фикс Фаре/ Поранешни заменици, поранешни градоначалници, поранешни директори присвоиле милиони евра од земјоделски фондови од ИПАРД!

„Фикс Фаре“ ( емисија на Топ Чанел) следеше во средата вечерта по осудите за злоупотреби на земјоделски фондови, каде милиони евра отидоа во рацете на политичарите и големите компании.

Истражувањето покажа дека средствата од АЗХБР, кои се за развој на руралните земјоделски култури, се давани селективно. Некои субјекти имаат корист, а други не! Групата Фикс отпатува до селото Трфуф во Лушње, каде субјект кој добил средства, изградил модерна стаклена градина, пренесува Топ Чанел.

КОСОВО

Балкан Веб- МО на Косово: Три од четирите бригади на српската армија се наоѓаат долж границата со Косово

Премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи предупредија на нови напади како оној на Бањка на северот на Косово. Нивниот став го повтори министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци на А2 Си-Ен-Ен.

Тој посочи дека три од четирите бригади на српската војска се наоѓаат долж јужната граница на оваа земја, односно на границата со Косово.

„Овие 3 бригади имаат оперативно проширување долж границата со Косово. Ова проширување е претставено преку воспоставување на 48 напредни оперативни бази на армијата и жандармеријата долж целата гранична линија“, посочи Маќедонци, пренесе Балкан Веб.

Бота Сот: Запленети околу седум илјади фалсификувани евра во Косово Поле и Грачаница

Косовската полиција запленила околу седум илјади фалсификувани евра во Преоц- Грачаница и регионот на Косово Поле.

Во Косово поле на 11.12.2023 година депонирани се 364 евра, од кои повеќето во вредност од 2 евра, додека во Грачаница 6590 евра, сите по 2 евра, соопштија банкарските службеници, пренесе Бота Сот.

Репортери:Се отвораат воздушните коридори Косово-Албанија

Министерот за инфраструктура Либурн Алиу најави дека Косово ги отвори воздушните коридори со Албанија.

„Штотуку официјално се отворени воздушните коридори со Република Албанија, летовите кон запад и обратно се скратуваат за најмалку 15 минути. Од 1 јануари, сонародниците ќе заштедат уште повеќе време, покрај тоа што ќе патуваат без визи“, соопшти Алиу, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Телеграфи: 2023 година – Година на  Африм Буњаку

“Како новинар, не можам, а да не ги спомнам бројните напади врз колегите додека известуваа од северниот дел на земјата, како граѓанин- либерализацијата на визите за Косово која стапува на сила на 1 јануари 2024 година, како човек – многу позитивни и негативни случувања кои имаат влијание врз иднината на моите деца.

Но, на крајот на оваа година мислам дека ништо повеќе не вреди да се спомене од веќе прогласениот  Херој на Косово, Африм Буњаку“, пишува авторот Мухамет Хајрулаху во колумната „2023 година – Година на  Африм Буњаку“, објавена во Телеграфи.

Подготви: Д. Тахири 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ