• Latest
Фото: Економик Тајмс – Тајмс оф Индиа

Трамп и Клинтон патувале со приватниот авион на Епстајн, „Лолита експрес“, меѓу споменатите во судските документите се и принцот Ендрју, Мајкл Џексон, Кевин Спејси

January 4, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп и Клинтон патувале со приватниот авион на Епстајн, „Лолита експрес“, меѓу споменатите во судските документите се и принцот Ендрју, Мајкл Џексон, Кевин Спејси

January 4, 2024 10:38
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Економик Тајмс – Тајмс оф Индиа

Фото: Економик Тајмс – Тајмс оф Индиа

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера беа објавени голем број судски документи со кои се идентификуваат лицата поврзани со познатиот сексуален престапник Џефри Епстајн. Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, починатиот музичар Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само дел од луѓето споменати во документите кои беа објавени по наредба на федералниот судија, Лорета Преска.

Многу од угледните личности во тие документи медиумите веќе ги идентификуваа, а некои имиња се појавија за време на судењето на партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел, која беше осудена за трговија со луѓе за сексуални цели и отслужува 20-годишна затворска казна.

Тоа што нечие име стои во споменатите судски списи не значи дека тие лица се обвинети за некакви кривични дела.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е меѓу лицата споменати во документите. Тој не е обвинет за никакви кривични дела или прекршоци.

Според пишувањето на Економик Тајмс – Тајмс оф Индиа, поранешните претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп патувале со познатиот авион на Џефри Епстајн „Лолита експрес“, што индицира дека тие биле меѓу некои од високите патници кои се дружеле со обвинетиот за педофилија Епстајн.

„Лолита експрес“ бил  приватен авион на наводниот педофил Џефри Епстајн, со кој патувале многу познати личности, меѓу кои и поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп.

Поранешниот пилот на Епстајн, Лери Висоски, во 2021 година сведочеше дека Клинтон и Трамп летале со приватниот авион на Епстајн.

-Други значајни патници беа принцот Ендру, виолинистот Исак Перлман, поранешниот водач на мнозинството во Сенатот Џорџ Мичел, покојниот сенатор од Охајо Џон Глен и актерот Кевин Спејси, рече тој.

Откритијата во мноштвото судски документи доаѓаат повеќе од четири години откако Епстајн, осуден сексуален престапник, почина во затвор додека ги чекаше обвиненијата за сексуална трговија со луѓе.

Со текот на годините, имињата на многу од неговите соработници беа променети во судските документи. Но, минатиот месец, федералниот судија Лорета Преска нареди да се објават документите со речиси 200 имиња. Некои од нив се имиња на лица помлади од 18 години, па ќе останат анонимни.

Дневниците за планирање на Епстајн до кои дојде Волстрит журнал вклучуваа имиња како Вилијам Барнс, директор на ЦИА и Кетрин Румлер, советник во Белата куќа во времето на Барак Обама. На листата се авторот Ноам Чомски, актерот Вуди Ален, поранешниот норвешки премиер, Торбјорн Јагланд, поранешниот израелски премиер, Ехуд Барак. Иако тие биле во неговите дневници, во моментов нема индиции дека тие се поврзани со злосторствата на Епстајн.

Сите нови детали за активностите на Епстајн би можеле да доведат до дополнителни тужби.

Братот на Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што, доколку биле објавени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година.

-„Да го кажев тоа што го знам за двајцата кандидати, тие ќе ги откажеа изборите“ – тоа ми го кажа Џефри во 2016 година, изјави вчера Марк Епстајн за Њујорк Пост, потсетувајќи се на разговорот што го имал со неговиот брат за трката меѓу Трамп и Клинтон за претседател во 2016 година.

Сепак,братот на Џефри Епстајн одби да даде повеќе детали, велејќи дека неговиот брат никогаш не му открил што знаел за кандидатите во тоа време.

Трамп летал со приватниот авион на Епстајн седум пати во 1990-тите, патувајќи од Палм Бич, Флорида до Њујорк.

Не се знае дека Хилари била пријателка со Епстајн, но нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, е пријател со Епстајн од 1993 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Во 2019 година, обвинителите поднесоа обвиненија против Епстајн, обвинувајќи го за ограбување и сексуално злоставување на десетици девојчиња, од кои некои имале само 14 години. Епстајн изврши самоубиствово неговата затворска ќелија во 2019 година. додека го чекаше судењето во затвор.

Драган Мишев

Tags: Доналд Трамппедофилијасудски документиЏефри Епстајн
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ