• Latest

Хаосот со вадење на нови документи е всушност стратегија за граѓаните да не избегаат од државата!

January 12, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Хаосот со вадење на нови документи е всушност стратегија за граѓаните да не избегаат од државата!

January 12, 2024 12:07
in САТИРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Турканици, нервози, пцуење, колнење, запознавање, шмекање… се на едно место пред пунктовите за издавадење на нови лични документи со придавката Северна. Наши извори од МВР, кои сакаат да останат анонимни, велат дека оваа навидум хаотична ситуација со вадењето на нови лични карти и пасоши, всушност е ПР стратегија за граѓаните да не се отселат од државата.

„Имаме дојава дека оваа година е клучна, односно, ако не направиме нешто да ги задржиме граѓаните во нашата земја, особено младите, дека по изборите ќе ни се отселат од државата. Затоа решивме да создадеме т.н. контролиран хаос, за младите да можат да останат тука да работат, да творат, да се развиваат, да се размножуваат…“.

Нашиот извор додава и дека ова е уште една добра прилика да се развива домашниот (селски) туризам, со тоа што граѓаните кога ќе немаат можност да излезат од државата, ќе бидат приморани да ги запознаат убавините на нашата мила и напатена Македонија, додуша веќе Северна Македонија.

„Ви текнува кога беше пандемијата и кога имавме карантин, кога се беше затворено и блокирано? Токму во тој период граѓаните шетаа и ги запознаваа природните убавини на нашата земја. Многу наши граѓан(к)и ги посетуваат Париз, Милано, Дубаи… а не знаат како изгледа Берово, Могила, Матка, Кратово… Па нели тоа е патриотизам“?!

Тој додава дека се размислува да се даваат ваучери за годишни одмори како за време на пандемијата со Ковид-19, за сите што не сакаат или не успеале да ги сменат документите.

„На тој начин сите ќе бидат задоволни, ‘и волкот сит и овците на број’, хахах“, вели тој.

На прашањето како ќе ги коментира оние замаени граѓани кои се уште им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека џабе ќе вадат нови лични карти со Северна, кога наскоро ќе се врати старото име, само Македонија, тој се насмевна и рече „добро е што има и такви за да има помала гужва на пунктовите“, и додаде дека кога-тогаш ќе мора и тие да станат „северни“.

Северџан Македонски


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МВРпасошисатира
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result