• Latest
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Чашка и Шапка

January 12, 2024

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чашка и Шапка

January 12, 2024 09:55
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • ВМРО-ДПМНЕ околу настаните во Чашка настапи со став кој создава длабок етнички раздор: „Причината поради која се раѓа револт кај жителите на Чашка е поради тоа што таму има само Македонци!“ Етноцентричен став од прва класа.
  • „Во чисто македонска средина треба да се учи само на македонски јазик“, рече пратеникот Здравковски. Не е чудно што се протестираше и во црква. Ем „демократски“ ем „христијански“!
  • Албанците немаат ништо против крстот како верски симбол. За да се докаже дека односот кон религиозните прашања е етнополитички мотивиран, треба да се видат партиските реакции.

СЕФЕР ТАХИРИ

Во Чашка се прелеа чашата, а на Шапка се симна капата на етнонационализмот, кој постои во земјата од 90-те години, иако во различни периоди со интензитет кој варира.

Лесно е, ептен лесно е да собирате партиски поени играјќи на етнонационалистичката карта, која во земјата често се докажала како сигурна за освојување на гласови. Обидите за имагинарно докажување дека „ние сме подобри“ а „другите се проблем во државата“ за десно ориентираните политички партии е политичка стратегија, која се спроведува во континуитет. Секако дека таквата стратегија се обидуваат да ја остваруваат од позиција на опозиција, затоа што кога се на власт, Албанците ги нарекуваат „браќа“. Познати се „братските“ коалиции меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА (1998-2002 год.) и ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ (2006-2016)!

Значи, филозофијата на ВМРО-ДПМНЕ оди од крајност до крајност! Кога се опозиција силно извикуваат „Македонија на Македонците“ или „Ќе им ги сечеме канџите на Албанците“ (изјава на Љубиша Георгиевски, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во 1994 во Тетово). А кога се власт или блиску до неа односно по добивање на изборите слават со заеднички (црвено-црни) партиски знамиња (со ДПА). Кога се на власт, со државата владеат „братски“ односно клановско-етнички. Се сеќавате на легендарната изјава на Доста Димовска „Отаде Групчин одлучете вие (се мисли на ДПА)“. Изјава која создаваше чисти и недвосмислени делби во земјата!

Иако, во времето на владеењето со ДУИ, немаше директни етнонационалистички изјави, кои ја закопуваа кохезијата во општеството, имаше многу дејствија на државните институции, кои одеа во таа насока.

Барањето на учениците Албанци да учат на својот мајчин јазик во Чашка го изнесе на виделина етноцентричниот македонски наратив на партијата на Мицкоски.

Оваа партија околу настаните во Чашка настапи со став кој, не само што не е интегративен, туку создава длабок етнички раздор, кој и така постои на оваа основа.

Ставот на ВМРО ДПМНЕ е:

„Причината поради која се раѓа револт кај жителите на Чашка е поради тоа што во ова населено место нема жители од други заедници, освен Македонци, а во сите населени места во општина Чашка каде што има други заедници наставата се одржува на нивниот  јазик“.

Значи според оваа партија, која претендира да биде власт, поради фактот што нема Албанци во Чашка, децата Албанци треба да патуваат 40 километри за да учат на албански јазик во друго населено место. Најмалку што може да се каже е дека во 21 век овој став е парадоксален, непримерен, насочен е против интеркултурализмот и интеретничките односи!

Дека не се работи само за инцидентна грешка во политичкото артикулирање на ставовите на оваа партија околу уставното право за учење на мајчин јазик, најдобро докажува пратеникот Игор Здравковски.

На 14 ноември 2023 година, тој нагласи дека Македонците од Чашка не треба да отстапат ниту милиметар и да попуштат да се отвори паралелка на албански јазик во чиста македонска средина.

„Тие (Албанците) тоа што го бараат е класично освојување на територија, во чисто македонско место, како по учебник, како што се случуваше во 97-ма година во Кичево, Гостивар, Тетово, така сакаат да спроведат и тука. Во чисто македонска средина треба да се учи само на македонски јазик“, рече пратеникот Здравковски.

Јавна осуда од својата партија за ваквиот речник секако немаше, а за ваквиот став, самиот рече, добил поддршка од раководството! Лошо, ептен лошо!

По вакви политикантски изјави на политичари од висок ранг, не е чудно што против образованието на албански јазик се протестираше и во црква. Ем „демократски“ ем „христијански“! А Христијанството, како и Исламот проповедаат:

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават.“

Истото се случува и со крстот на Шапка, иако во овој случај улогите на партиите се сменети. Треба да се истакне дека совесните граѓани од албанска етничка припадност немаат ништо против крстот како верски симбол, но се против него како политички тотем. Такви беа реакциите и кон градењето на крстот на раскрсницата на улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“ во Бутел во февруари, 2016 година!

За да се докаже дека и односот кон религиозните прашања е етнополитички мотивиран, треба да се видат партиските реакции. ДУИ, партија на власт, во чие име стои интеграцијата е против крстот на Шапка! Не дека е суштински против, но отстранувањето го бара поради фактот што со Тетово, т.е. Попова Шапка, која Албанците ја нарекуваат Кодра е Диелит (Kodra e Diellit) владее Билал Касами од БЕСА!

Чашка и Шапка, на наједноставен начин, ги разобличуваат партиските агенди, во чија позадина стојат етноцентрични, но и религиозноцентрични наративи.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ