• Latest

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

January 22, 2024
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

January 22, 2024 11:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска на лидерски состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан порача дека ова претставува голем тест на зрелоста што треба да го поминеме.

Тој посочи дека договорите кои сега се дел од Планот за раст и заеднички пазар, се дел и од Отворен Балкан и тоа што требаше да биде Берлинскиот процес, за што сите требало да бидат посериозни, но што тоа се претворило во дневна политика и игри на моќ не само во регионот, туку и во ЕУ.

-Кога зборев дека додека треба да чекаме ЕУ да не прими, ајде сите да се вклучиме, сите велеа, не, не. Ценетиот професор и поранешен премиер на Црна Гора, дури ми рече дека не може да се приклучат на процесот, бидејќи ќе се приклучат на ЕУ до 2025 година. Вистина, тоа ми го кажа и јас бев импресиониран, и му кажав, ајде прво ти приклучи се на ова, па ако се приклучите на ЕУ сите ќе ги затвориме нашите земји и ќе се приклучиме на Црна Гора. Така, влеговме во 2024 година и не сум информиран дека Црна Гора е во ЕУ, изјави Рама.

Затоа, нагласи Рама, многу сум возбуден од ова, бидејќи како што рече иронично, „да се биде мотивиран од конкретен чекор од ЕУ е нешто историско“.

-Затоа, извинете за мојот ентузијазам и оптимизам. Не сум глупав. Ви велам, навистина е добра причина да се биде оптимистичен денеска, откако синоќа имавме вечера, на која одеднаш сфативме дека можеме да имаме цивилизиран разговор и можеме да размислуваме за економијата и луѓето, без да ја имаме историјата меѓу секои два оброка, изјави Рама.

Според Рама, за Планот за раст да успее потребно е да имаат редовни средби.

-Ако сакаме да успееме министрите треба да ја заборават историјата и боите на знамињата и да ја гледаат само бојата на знамето на ЕУ. Техничката координација е особено важна и министрите за интегеграција на шесте земји од Западен Балкан треба да добијат јасна порака од политичките лидери – да бидат агностици кон историјата и далтонисти кон знамињата. Треба да ги заборават боите на нашите знамиња и единствено знаме, да се биде или не, е знамето на ЕУ, посочи Рама.

Претседателот на Владата на Црна Гора Милојко Спајиќ порача дека членството во ЕУ не значи да се биде само формално член на ЕУ, туку да се постигне и подлабока економска интеграција. Тој додаде дека на граѓаните треба да им се обезбедат видливи економски придобивки, да се еманципираат економски барем на просекот на ЕУ.

– Планот за раст на ЕУ е голема можност за сите нас. Планот за раст е голем сигнал за бизнисите на ЕУ да инвестираат и да се ангажираат во нашите земји. Тоа е сигнал дека овој регион сигурно ќе биде дел од големиот пазар, затоа што не е исто ако инвестирате во Црна Гора и ако сте несигурни дали вашиот пазар ќе биде пазар од половина милион луѓе или половина милијарда луѓе. Колку е помала нивната несигурност, толку повеќе ќе бидат подготвени да инвестираат во Црна Гора и сите наши земји, рече Спајиќ денеска во своето обраќање на лидерскиот состанок.

Тој додаде дека Црна Гора го поддржува единствениот пазар на ЕУ и како земја ќе ги вложат сите напори на политичко, техничко и на парламентарно ниво, и ќе направат се што треба за целиот регион да биде што е можно поблиску до ЕУ.

-Сметам дека е време, дека постои голем интерес во регионот од бизнисите во ЕУ, но ние мора да ги охрабриме нив, да пратиме порака за заедништво. Сметам дека добро го разбираме регионалниот пазар и сакаме да се вклучиме со сите земји, да бидеме добри соседи, да помогнеме на сите да ги зголемиме и подобриме економските и инфраструктурните врски. Потребна ни е поголема комуникација со ЕУ и поголем ангажман, додаде Спајиќ.

Во Црна Гора, како што рече, сега постои нова политичка волја и подготвени се да се ангажираат со нивните соседи и да бидат конструктивни за сите теми кои ќе се дискутираат денеска но и во иднина.

-Мора да си го завршиме нашиот дел од договорот. Во Црна Гора сега постои нова политичка волја, новата техничка способност која што можеби не постоеше до неодамна, и подготвени сме да се ангажираме со нашите соседи, да помогнеме онаму каде што можеме и секако да бидеме многу конструктивни на сите теми кои ќе ги дискутираме сега но и во иднина, рече Спајиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен БалканРама
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ