• Latest

Синдикат на македонската дипломатска служба: Неказнивоста ќе предизвика ескалација!

December 23, 2016

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикат на македонската дипломатска служба: Неказнивоста ќе предизвика ескалација!

December 23, 2016 15:56
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на македонската дипломатска служба, реагира на објавувањето некролози за повеќе странски амбасадори во Република Македонија, и на молчењето на Министерството за надворешни работи и Јавното обвинителство. Македонските дипломати бараат Јавното обвинителство да регира за случајот „Некролози за странските дипломати“.

„Јавно го повикуваме раководството на македонското Јавно обвинителство најитно и најсовесно да ги искористи своите законски овластувања во сферата на истражувањето на сторувањето кривични дела и да ги открие физичките лица – автори на објавувањето некролози на редица странски амбасадори во државата Македонија на социјалната мрежа Имгур, инаку веќе затворена. Работата на ЈО е многу олеснета во случаите кога државни функционери на своите Фејсбук профили  отворено ги навредуваат, омаловажуваат, па дури им се закануваат на странските претставници што беа инволвирани во „Пржинскиот договор“, инаку уредно потпишан и од политичката партија на која тие функционери припаѓаат. Врз основа на тоа, ЈО треба да процени дали се работи за ‘сериозна закана’ по овие лица под меѓународна заштита, а што е санкционирано со членот 420 став 1 од Кривичниот законик, и тоа со затвор. Доколку истрагата укаже дека не се работи за сериозна закана, тогаш тоа ќе значи дека авторите ги сториле кривичните дела утврдени во членовите 181, односно 182 од Кривичниот законик, или поточно, ги изложиле на подбив овие странски претставници, бидејќи е и смешно и тажно овие некролози да се толкуваат како заштита на јавен интерес или нешто слично. Потсетуваме дека со законските измени на овие одредби не е веќе потребно тие, значи самите странски претставници, самите да поднесат кривична пријава, туку Јавното обвинителство треба да постапува по основа на ‘допрен глас’“, се вели ви соопштението од јавноста на Синдикатот на македонската дипломатска служба.

8627f4c0-fbe0-4b8c-8968-5419067c0afa_cx0_cy6_cw0_w987_r1_s_r1

Според македонските дипломати, одлука на државата Македонија (значи, не на некоја партиска структура) е до кој степен и на кој начин ќе се впушти во соработка со други држави и на тој начин, во случајот на Македонија, ќе им овозможи на тие земји да и помогнат во процес на демократизација на сопственото општество и негово приближување кон цивилизациските достигнувања прифатени од напредните слоеви на меѓународната заедница.

„Но, тоа никако не значи дека кој и да е во државата, смее да си поигрува или уште пострашно – да им се заканува на претставниците на тие држави во Македонија, а кои уживаат меѓународна заштита! Тоа, дека уживаат меѓународна заштита значи дека ние, државата Македонија, сме должни да ги заштитиме кога се на наша територија, а преку членот 29 од Виенската конвенција за дипломатски односи, и формално и императивно се имаме обврзано“, пишуваат синдикалците меѓу македонските дипломати.

„Во крајна линија, не смееме да заборавиме дека неказнивоста не значи дека појавата ќе замине во историја. Напротив! И емпиријата и логиката се крајно децидни дека неказнивоста значи ескалација на појавата. Ние, впрочем немаме ‘најчисто досие’ кога станува збор за неоправдано превртување на гневот од внатрешните состојби кон ‘дежурниот виновник’ – странските претставници. Напротив, во нашето ‘досие’ има и повици за линч, обиди за палење амбасади, пласирање теории за ‘странски заговор’ против Македонија и многу говор на омраза. Следствено, ако сакаме и во еден ваков период да го сочуваме оној краен бастион – дека Македонија, вака или онака, е држава – должни сме најитно и најсовесно да го истражиме објавувањето некролози и таа истрага да резултира со јасни правни заклучоци, па дури и последици“, се вели во соопштението на Синдикатот на македонската дипломатска служба.

Tags: амбасадоридипломатијамеѓународна заедницасиндикатЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ