• Latest
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

„Командант“ на владата

January 27, 2024

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Командант“ на владата

January 27, 2024 10:54
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Надвор од парламентарната аритметика, изборот на Џафери е политички потез кој води кон зголемување на интеретничката кохезија и интеркултурализмот во општеството
  • Ехото на партискиот наратив на водството на ВМРО-ДПМНЕ, особено Мицкоски е дека не собира храброст да го изгласа Албанецот Талат Џафери за премиер на „библиската македонска земја“
  • Ниту во комунизмот, ниту во „демократијата“, изборот на било која личност како прв човек на владата или на собранието, нити им ја одземала државата на Македонците, ниту Албанците ја преземале во свои раце

СЕФЕР ТАХИРИ

Талат Џафери ќе биде првиот Албанец кој ќе седне на премиерското столче, макар тоа да е техничка функција, односно само во последните 100 дена на актуелната влада. Тоа е симболичен политички чин. Во земјата веќе нема „забранети“ функции за Албанците.

Свесни сме дека изборот на Џафери, ДУИ сака да го промовира и афирмира како нејзина победа, дури и историски дострел за албанската кауза. Се сеќавате на ПР слоганот: Да, за премиер Албанец, зошто да не? (Pse jo)

Изборот на Џафери не е ниту историски, но не е и безначаен чин во политичкиот систем на земјата, како што тоа се обидува да го претстави албанската опозиција.

Вон партиско-етнонационалистичките наративи, изборот на Џафери е позитивен чекор кон фактичката, а не само нормативно-правната еднаквост на Албанците во земјата. Исто така, треба да се напомене дека изборот на Џафери е резултат на партиските констелации во Собранието, односно договорот меѓу СДСМ и ДУИ за составот на владата и е одраз на политичкиот и изборен потенцијал на Албанците, кој се манифестира во претставничкиот дом, а потоа и во извршната власт. Надвор од парламентарната аритметика, изборот на Џафери е политички потез кој води кон зголемување на интеретничката кохезија и интеркултурализмот во општеството, бидејќи го зголемува нивото на лојалноста на Албанците кон државата.

Секако сфатлива е позицијата на партијата Левица (екстремната десница), но позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е најблаго речено: антиполитичка, антидемократска, антиинтеркултурна и антиинтеретничка. Иако оваа партија својот став се обидува да го образложи дека е мотивиран од политички побуди или принципи, односно дека не подржуваат кандидат за премиер предложен од ДУИ, во длабоката позадина е рубиконската позиција на оваа десно ориентирана македонска политичка партија кон Албанците, кога е во опозиција. Типично вмровски стил! Ако се против изборот на личноста, не држи вода, бидејќи Џафери во 2013 беше избран за министер за одбрана. Командантот на ОНА (УЧК), познат под прекарот Форина (гостиварското село на Џафери) во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дојде на една од челните функции на одбранбениот систем на земјата! Дека се против ДУИ и тоа не држи, бидејќи со партијата на Ахмети владееја полни 10 години и тоа прилично „братски“ односно „корпоративно политички“. Иако гласно и јасно не искажуваат став дека се противат на фактот премиерот да биде од редовите на Албанците, ехото на партиските изјави и соопштенија е дека ова партија не собира храброст да го изгласа Албанецот за премиер на македонската држава. Ова е поради фактот што дел од електоратот е етнонационалистички настроен, а тоа е и резултат на негувањето на ваквиот дух од самата партија, заедно со поддржувачките медиуми и интелектуалната елита. Изборна махинација од посебен вид е да предлагаш кандидати за министри и заменици министри и да не го поддржуваш кандидатот за премиер, нека е и командант Џафери.

Место за паника нема! Имено, не е ништо чудно што Џафери се избира за премиер, тој беше претседател на Собрание од 2017 година, функција, која уставно правно е највисока во државата, бидејќи де јуре сме парламентарна демократија.

Во 2000 година, по напуштањето на владината коалиција на Љубчо Георгиевски од страна на Демократската Алтернатива (ДА) на Васил Тупурковски, СДСМ од позиција на опозициска партија го предложи покојниот пратеник и претседател на Партијата за демократски просперитет, Абдурахман Алити за претседател на Собранието. Тогашната ДПА, заедно со ВМРО-ДПМНЕ не го подржаа Алити, туку Стојан Андов.

Историската ретроспектива ни укажува и на фактот дека д-р Вулнет Старова, од 1986 до 1991 беше претседател на собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Ниту во комунизмот, ниту во „демократијата“, изборот на било која личност како прв човек на владата (технички или политички) или на собранието, ниту им ја одзема државата (власта) на Македонците, ниту Албанците ја преземаат во свои раце.

Северна Македонија е и треба уште повеќе да биде држава на сите граѓани и во неа секој има право да избира и да биде избран на било која функција, без разлика дали е Албанец или од друга етничка припадност.

Џафери не е првиот немакедонец кој седнува на премиерската функција. Хари Костов, Влав по припадност, во 2004 година, шест месеци беше премиер.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориПремиерСобраниеТалат Џаферитехничка влада
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ