• Latest

Кој е московската собарка во водвиљот наречен – Идната белградска власт?

January 27, 2024

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој е московската собарка во водвиљот наречен – Идната белградска власт?

January 27, 2024 13:05
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Во многу драмски дејствија собарките играат значајна улога. Ги забрзуваат интригите, служат како „расипан телефон“ меѓу одредени центри на надворешна моќ и актерите на сцената и со своите интриги умеат да влијаат на финалето на претставите.
  • Една од нив е онаа „кој ќе биде градоначалник на Белград“ откако ќе се оформи потребно мнозинство во тамошното градското собрание.
  • И тука се појави ликот кој е многу ситен во однос на конкретната политичка моќ. Тој во мигот крстари меѓу Москва и Архангелкс.
  • Истиот, со своите твитови, обелоденува една важна работа: како и колку Истокот ги диктира внатрешните работи во Србија.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Улогата на Кремљ во неодамнешните парламентарни и делумни локални избори во Србија е видлива индиректно, заради учеството на промосковските политичари од БиХ и Црна Гора, со импортот на фантомски гласачи во Србија. Двата политичари кои се споменуваат во тој транспорт се Додик и првиот парламентарец на Црна Гора, Андрија Мандиќ, обајцата познати како промотори на руската политика на Балканот.

Шест советници – доволни и за сојуз и за распад

Најспорните избори, оние за идната власт во главниот град на Србија  привлекуваат највеќе внимание, бидејќи, евентуалното конституирање на тамошното градско собрание зависи од шесте одборници  на новоформираната „Ние“, каде што веќе има разногласија. Нема сомнение дека истите се во центарот на вниманието заради фактот што условите за позиционирање на оваа партија (или засега здружение) зависи пред сѐ од првиот човек на листата кој во последно време се јавува од – Москва!? Сега дилемата е дали „Ние“ треба да се преименува во „Тие“, се прашуваат аналитичарите.

Да појасниме, причина за таквите дилеми е фактот дека носителот на листата „Мојот глас од народот“ на изборите во Белград, Александар Јерковиќ, од кого може да зависи формирањето на ново мнозинство во главниот град, во неколку постови ги прозива своите поранешни другари од здружението „Ние“ на социјалната мрежа „Х“ и бара прекратување на нивното фемкање за тоа каде да бидат искористени нивните гласови.

„Прекратувачот“ на ситуацијата што ја носи наводно нерешениот резултат на белградските избори тврди дека има понуда што не се одбива – градоначалничкото место, што секако претходниот лордмер Шапиќ го насети, па навреме се дистанцираше од „наметната коалиција“, велејќи дека не би плачел за нивните гласови, нагласувајќи го она – дека тие гласови би биле купени!

ПРВИОТ И ВТОРИОТ НА ЛИСТАТА Така блиску, а сепак толку далечни – Јерковиќ и Несторовиќ

Да се договориме, Москва е нестрплива

Сѐ започна со соопштението на Јерковиќ, проследено до медиумите, во кое тој го покани на состанок здружението „Ние – гласот на народот“ со цел да се договорат за понатамошните чекори во однос на власта во Белград, откако Градската изборна комисија им додели мандати на советниците.

Тој, во изјавата дадена до медиумите наведе дека движењето, чиј претседател е тој самиот, „Нема назад – Србија е зад нас“ учествува на изборите како дел од коалиција „Ние – гласот на народот“. Откако ова здружение (Ние) излезе со соопштение, во кое изјавија дека не би учествувале во никакви коалиции, бидејќи немаат право на тоа како понуда која не ја дале претходно на избирачите пред гласањето, како јасна опозициона политика, Јерковиќ изјави дека тоа не е правно-формална коалиција, туку дека тоа бил сојуз на две различни здруженија. Со ова сакаше да каже дека шесте советници на „Ние“ можат да дејствуваат самостојно и секој за себе! Да потсетиме дека на претходната власт, за да си ги задржи позициите во Белград, ѝ се доволни уште две советнички места!

Откако неофицијалниот лидер на „Ние“ д-р Несторовиќ еднаш објави дека немале коалициски партнери на изборите, па немале можност да го сторат тоа пред избирачите, Јерковиќ на „Икс“ потсети дека списокот на изборите за Белград е наречен по неговото име, истакнувајќи дека никогаш не бил формален член на здружението „Ние“, како што објави српски „Данас“.

Predsedništvo pokreta Nema nazad iza je Srbija, na čijem sam čelu zamenio generala Delića, očekuje da ćemo uskoro razgovarati sa nasim koalicionim partnerima iz udruženja građana “Mi glas iz naroda” kako o Begradskim izborima tako i o aktelnim desavanjima na Kosmetu.

— Aleksandar Jerkovic (@jerkovic_sasa) January 22, 2024

Практично, Александар Јерковиќ, од кого може да зависи формирањето на ново мнозинство во Собранието на главниот град, во неколку постови јасно става на знаење дека д-р Несторовиќ, околу чие име се вртат сите анализи за успехот на оваа листа на изборите е практично зад него, втор на списокот за гласање и дека тој, како прв на таа листа, треба да има некаква надмоќ во одлуките после изборите.

Интересно е дека меѓу членовите на листата на „Ние“ нема директни контакти, бидејќи, Јерковиќ цело време твитува од Русија каде што престојува веќе една недела и каде што, според негови зборови, ќе биде можеби уште толку време, до следната недела. Судејќи според локацијата, последниот твит му е објавен од Архангелск, додека претходните биле објавени од Москва. Фотографија од зимскиот пејзаж од главниот град на Русија објави и самиот Јерковиќ.

Актуелниот градоначалник (во оствка) – Шапиќ веќе се чувствува загрозен од Јерковиќ. Но утешно е дека засега останатите новоизбрани советници од „Ние“ немаат јасен став околу коалицирањето, па тоа може да значи и одење на нови избори. Но кога? Некои аналитичари велат дека Вучиќ гледа новите избори (за општините во кои немаше избори на 17 декември) да ги одложува веројатно до јуни, место почетната одлука за април годинава.

НА ЛИЦЕ МЕСТО Јерковиќ се сликал од Москва, а медиумите во Србија се прашуваат дали Вулин му купил карта за Русија

Како да се смири меѓународната јавност

Се оценува дека и на претседателот не му е сеедно за реакцијата на меѓународната јавност која, иако не ги следела непосредно локалните избори како задача, за белградските констатира дека е многу необично што на исти гласачки места имало далеку повеќе гласачи за изборите за Белград, отколку за парламентарните понуди!

Вучиќ, повторувањето на белградските повторени избори, ги гледа засега како шанса Западот да му ги прости полесно другите изборни валканици!

Социјалистите на Дачиќ, како негови коалициони партнери, се за тоа да се бара растурање на коалицијата „Ние“, бидејќи од нив им требаат само два гласа. Од друга страна, со тие „само два гласа“  ја слабее кандидатурата на Јерковиќ за лордмен, што би било во полза на нивниот кандидат за таа функција – адвокатот Тома Фила.

Постои мислење дека Москва – како битен фактор во сите политички одлуки за Белград – веројатно не би опонирале за Фила, имајќи предвид колку лидерот на СПС (Дачиќ) е понизен кон моќта на Кремљ. Но има и друг момент кој во Москва го земаат предвид – социјалистите поминаа толку лошо на парламентарните избори што Дачиќ и не е фактор кој многу им значи. Во глобала. Впрочем, и тој е нели, во оставка во неговата партија од претседателската функција?

МОСКОВСКИ УЧЕНИК Иако е одамна „загреан“ за Истокот, Јерковиќ е досега релативно незабележлив на политичката сцена

Клучен забавувач во циркускиот шатор на политиката

Во побитна позиција е д-р Несторовиќ (69) од „Ние“ кој со неговата необична стенд-ап позиција во изборите, битна за многу гласачи, не е наводно за коалиции, бидејќи проценува дека нивната популарност како коалиција е таква што на следните локални избори, наместо шест, би можеле да одат повисоко и би имале повисока цена во меѓупартиското пазарење. Секако како група, бидејќи е свесен, рече во една изјава, дека советниците од „Ние“ и сега се изложени на многу високи финансиски понуди! Оваа изјава предизвика Движењето за обновување на Кралството Србија да поднесе кривична пријава против Н.Н. лице за „непристојни понуди“ и притисоци врз нивните советници со цел, како што рекоа, да дадат мнозинството на СНС и СПС во главниот град.

Дали со својот шарм (некои велат дека има најубава насмевка меѓу јавните личности во Србија) д-р Несторовиќ сепак може да одржи кохезија во коалицијата и дали неговата математика за идниот раст на популарноста кај гласачите е навистина добра?

Овој пензиониран лекар, детски пулмолог од позната клиника во Тиршова секако дека е далеку попопуларен од споменатиот Јерковиќ, сега видно значаен пулен на Москва?

Секако – да. Тој, како што велат оние гласачи од социјалните мрежи е „најдобриот комичар во српската Монти Пајтон политика“. Клучот на таа популарност е, пред сѐ, фактот што е омилен гостин во студиото на Хепи телевизијата, национален радиодифузер која многу ги сака теориите на заговор, наводно посебно кон српскиот народ, во што лесно се вклопува човекот со бујна фантазија кој се навлекува на таа „идеологија“. Овој тренд секако има и своја интернационална димензија, стара е барем 15-тина години и се викаше „њу вејв“ филозофијата, некаков микс на погледи што во себе содржеа мистика и често анти-наука, а си го најдоа својот промотор со титула!

НАЦИОНАЛИСТ Тој е Србин, националист кој верува во сите трикови на „вонземјаните кои се тука 9 илјади години“

Исмејување на смртоносниот вирус

Една од често цитираните изјави на Несторовиќ е онаа за тоа како луѓето со светли очи се потомци на вонземјани, кои се пареле со жени пред 9.000 години. Оние со зелени или сини очи, барем дел од нив, веројатно во последно време се чувствувале како урочени.

Се сеќавам како алергологот Бранимир Несторовиќ на почетокот од пандемијата, некаде во февруари 2020 година на малите екрани, додека стоеше до претседателот Вучиќ, велеше дека „короната е најсмешниот вирус што постои на Фејсбук“. Во тоа дури имаше поткрепа од претседателот, делуваа како уиграна двојка која се подбива со опасноста која веќе го освојуваше светот. Особено беа согласни во обидот да остават впечаток дека на Србите никој ништо не им може.

„Не можам да верувам дека луѓето кои преживеале санкции, бомбашки напади, секакви вознемирувања, се плашат од најсмешниот вирус во историјата на човештвото, кој постои на Фејсбук“, изјави тогаш Несторовиќ.

Дури им порачуваше на жените да заминат на шопинг во Милано слободно и со елан за прошетки по повод Осми март. Не мина една недела, кога и Вучиќ ги виде преку медиумите колоните на воени камиони кои возат во тишина низ Милано, во траурна атмосфера и ги носеа ковчезите со починатите пациенти во непрегледна колона.

ПОДЕМ Од теории на заговор до насловните страници

Претседателот веднаш се претвори во човек кој бргу ротира во ставовите и наеднаш станува главен заштитник на нацијата и апелира за итни мерки за чување на здравјето, а неговиот паж д-р Несторовиќ мораше да изјави, внимавајте – дека нема да се шегува повеќе на таа тема.

По ова Несторовиќ почна сѐ повеќе да се појавува во медиумите, прво како член на кризниот штаб за борба против корона вирусот, а потоа и како негова противтежа! Набргу го напушти штабот, позиција која произлегла од негова омиленост во кабинетот на претседателот Вучиќ. Најпрвин божем не се согласува со примената на одредени лекови како „хидроксихлорокин“, а потоа и „азитромицин“.

Набрзо стана редовен гостин на подкастот „Балкан инфо“, каде што своето мислење го искажуваат бројни теоретичари на заговор, како и еден од редовните гости на утринската програма на споменатата провладината телевизија Хепи, која воедно е најпозната по ширењето руска пропаганда во Србија. А тука говореше како закоравен антиваксер! И беше толериран.

Да додадеме, оваа телевизија е гледана и кај нас и тој има влијание за антиваксерската атмосфера и кај нашето население!

Во април 2020 година, во утринската програма на ТВ Прва, тој изјави дека некогаш Тесла го користел неговиот уред за да испрати разурнувач на американската армија шест часа во иднината, а потоа го вратил назад. Овој доктор сепак ја шокираше Србија на 20 октомври 2020, кога јавно изјави дека нема да се вакцинира и ги нападна вакцините.

Во мај 2021 година, „Српски телеграф“ ја објави изјавата на д-р Несторовиќ од 2017 година во која тој се залага за позицијата на телегонија кај луѓето, односно тврдењето дека жените раѓаат деца со гените на сите луѓе со кои имале сексуални односи до тогаш. За тоа пишуваше и српскиот Вистиномер.

НЕДОСТАСУВА ЛИ РУСКОТО ЗНАМЕ Советниците од „Ние“ го бакнуваат српското знаме

Ширење на невистината преку масовни медиуми

„Техниката што ја користи д-р Несторовиќ во неговите медиумски настапи е докажана формула за ширење лажни вести – основата на (дез)информациите може да биде настан што навистина се случил, но кој е целосно изваден од контекст за да се вклопи во наративот за заговор.

Поединецот кој е недоволно информиран од медиумите често паѓа на овој начин на ширење дезинформации, почитувајќи го поранешниот медицински авторитет на д-р Несторовиќ“, напиша „Вистиномер“ во 2021 година.

Најшокантно беше кога претседателот Вучиќ го награди со орденот Караѓорѓев крст во октомври 2020 година за време на врвот на неговата антиваксерска кампања и тоа наводно за неговата грижа за здравјето на нацијата. Какво врвно лицемерие…

Па и човекот кој цело време беше на чело на Штабот за борба против ковидот – д-р Кон го доби истото признание во исто време! А мораше да се бори и со активностите на Несторовиќ!

И со власта и против неа

Иако дури во последните три години доктор Несторовиќ стана многу познат и популарен, „не е од вчера“.

Несторовиќ влезе во политиката во 1990-тите кога беше член на Српското движење за обнова (СПО на Вук Драшковиќ) и учествуваше во демонстрациите против Слободан Милошевиќ. По промените на 5 октомври 2001 г. премина во Демократската партија. Нели, онаа која дојде на власт. Во декември 2021 година го основа Здружението за заштита и подобрување на положбата на децата „Витези од редот на змејот“ и најави дека е подготвен да се ангажира политички.

На парламентарните избори во 2022 година, Несторовиќ ја поддржа изборната листа „Бошко Обрадовиќ – Српско движење Двери – Милош Парандиловиќ – Патриотски блок за обновување на Кралството Србија“.

Колку за Москва, редењето на шаховските фигури на српските политичари,  д-р Несторовиќ – во крајна линија – лесно се вклопува во нивната игра. Со толку фигури на таблата во Кремљ дури тоа со изборите во Србија е забавна игра. Особено со антиваксерството на пулмологот и со неговите ама и нивните омилени пропагандни дисциплини што знаат да се вклопат во шемите што користат и тези од онаа страна на реалноста!


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстор е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ