• Latest

Украина откри голема корупција при набавката на оружје

January 28, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина откри голема корупција при набавката на оружје

Aнтикорупциските напори почнуваат да носат промени. Таа е една од само 10-те земји кои постојано се искачуваат на ранг-листата на Транспаренси Интернешнл, искачувајќи се за 28 места за десет години.

January 28, 2024 11:39
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Службата за безбедност на Украина соопшти дека открила корупција при набавката на оружје од страна на војската во вредност од околу 40 милиони долари.

СБУ соопшти дека пет лица од висок ранг во Министерството за одбрана и од страната на добавувачот на оружје се под истрага.

Се вели дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година, јавува Би-Би-Си.

Плаќањето било извршено однапред, некои средства биле префрлени во странство, но оружјето никогаш не било испорачано.

Корупцијата е главната пречка во обидот на Украина да се приклучи на Европската унија.

СБУ соопшти дека истрагата ги разоткрила претставниците на Министерството за одбрана и менаџерите на добавувачот на оружје „Лавов Арсенал“, „кои украле речиси 1,5 милијарди гривни при купувањето гранати“.

„Според истрагата, во измамата биле вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“, се вели во соопштението.

СБУ соопшти дека и покрај договорот за гранати што е договорен шест месеци откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз Украина, ниту една артилериска граната не била испратена.

Еден од осомничените е уапсен додека се обидувал да ја напушти Украина и моментално се наоѓа во притвор, соопшти СБУ.

Главниот обвинител на Украина соопшти дека украдените средства се конфискувани и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана.

Проблемите околу корупцијата ја следат Украина со години. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја стави борбата против корупцијата како еден од неговите врвни приоритети кога дојде на власт во 2019 година.

Последните обвинувања доаѓаат откако републиканците во САД ги отфрлаат напорите на претседателот Џо Бајден да испрати поголема помош за Украина.

Министерот за одбрана Олексеј Резников беше сменет минатиот септември поради различни обвинувања за корупција и покрај тоа што уживаше солидна репутација дека ја претставува Украина во нејзините разговори со западните сојузници.

Иако се тврди дека тој лично не е вмешан во корупција, неколку случаи ја погодија армијата под негово раководство, еден за обезбедување храна на војниците, друг за набавка на соодветна облека за војниците.

Украина беше рангирана на 116-то место од 180 земји според Индексот на перцепција на корупцијата за 2022 година што го спроведува истражувачката организација Транспаренси интернешнал.

Но, антикорупциските напори почнуваат да носат промени. Таа е една од само 10-те земји кои постојано се искачуваат на ранг-листата на Транспаренси Интернешнл, искачувајќи се за 28 места за десет години.

Г. Т.

Tags: Корупцијанабавка на оружјеУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ