• Latest
Фото: Собрание на РСМ

Митрески – Стефанчук: Реафирмирана поддршката и солидарноста на Северна Македонија кон Украина

February 1, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Митрески – Стефанчук: Реафирмирана поддршката и солидарноста на Северна Македонија кон Украина

February 1, 2024 14:10
in ВЕСТИ
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска имаше онлајн средба со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, на која беше реафирмирана и поздравена решителната поддршка и солидарност на нашата земја кон Украина, украинските институции и народ, наспроти бруталната и неоправдана агресија од Русија. Честитајќи му го изборот за претседател на Собранието на Митрески, Стефанчук изрази голема благодарност до Северна Македонија и за поддршката на аспирациите на Украина за членство во НАТО и во ЕУ, информираат од собраниската прес-служба.

Тој упати покана до Митрески да се обрати на пригодна седница на украинската Рада, по повод годишнината од руската агресија. Заблагодарувајќи се на поканата, претседателот Митрески рече дека тоа е можност и лично да им  ја пренесе на Стефанчук и на сите украински пратеници поддршката од Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Претседателот на Собранието потсети на Декларацијата за осуда на воените напади на Украина што ја донесе овој состав на Собранието на Република Северна Македонија. Тој посочи дека нашата земја е активен учесник во парламентарната димензија на меѓународната Кримска платформа, при што нагласи дека Северна Македонија се приклучи на сите рестрикитивни мерки кон Руската Федерација и на сите одлуки во врска со територијалниот интегритет на Украина, поддржувајќи ги и аспирациите на земјата за членство во евроатлантските организации.

-Во Република Северна Македонија внимателно го следиме развојот на состојбата во Украина и континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост, како и за неповредливоста на нејзините граници. И во иднина ќе продолжиме со активна дипломатска, хуманитарна и воена помош за Украина, во рамки на нашите можности и капацитети“, рече Митревски, истакнувајќи ја подговеноста од македонска страна за поддршка на Украина со искуство и со експертиза во процесот на евоатлантската интеграција.

Изразувајќи увереност дека Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува и да ѝ помага на Украина, придонесувајќи и за понатамошна изолација на Русија како агресор, Стефанчук истакна дека двете земји заслужуваат да станат членки на Европската Унија и дека треба максимално да соработуваат и во рамките на тој процес.

Митревски нагласи дека во двата последователни мандати е претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Украина. И оваа група, како што рече, е една од најактивните во Собранието, така што уште во февруари 2022 година излезе со изјава во која беше потврдена недвосмислената поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признаени граници.

-Ве уверувам дека Украина во мене има искрен и докажан долгогодишен пријател и поддржувач. И во иднина може да сметате на мојата поддршка во однос на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Собранието и Врховната Рада, но и на мултилатерален план, порача Митрески.

Митрески, исто така, потсети на изложбата „Украина се сеќава, светот признава“, што беше поставена во Собранието на Република Северна Македонија  по повод 100-годишнината од Гладоморот. Посочи и дека состојбата во Украина беше на врвот на нашите приоритети како претседавачи со ОБСЕ минатата година. Исто така, Митрески истакна дека за Северна Македонија ќе претставува чест да биде дел од Самитот за мир во Украина.

Tags: МитрескиСеверна МакедонијаСтефанчукУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ