• Latest

Mарш за чист воздух и за здрави деца!

December 29, 2016

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Mарш за чист воздух и за здрави деца!

December 29, 2016 16:23
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради загаденоста на воздухот низ цела Република Македонија, а особено во Скопје, Тетово, Куманово и Битола, граѓанките и граѓаните на престолнината, вчера маршираа низ улиците, од фонтаната во Градскиот парк до Владата, носејќи транспаренти, меѓу кои беа: „Шо праиме со воздухов“, „Сакам Дедо Мраз да мидонесе воздух“, „у… ПМ10“, „Филтри место финти“. Граѓаните побараа средби со градоначалникот Коце Трајановски и со премиерот Емил Димитриев, но кај бараките на Град Скопје и пред Владата, наидоа единствено на обезбедување и полиција.

protest8

Организаторите на протестот, еко-активисти, вчера порачаа дека протестот е граѓански и дека зад нив не стои ниту една политичка партија.

„Сé додека во овој град има луѓе што се подготвени да дојдат на протест за чист воздух и за здрави деца, децата на ова држава ќе останат здрави. Имам многу функции во животот,0 но тука сум татко на двегодишно дете, кое остана заглавено дома два месеца, затоа што надвор има гнасен воздух со 1.000 ПМ10 честички“, изјави Лазар Ѓуров, еден од граѓаните кои протестираа. „Луѓе, ова е премногу лудо за да биде вистинито, трошиме пари на глупав стиропор, а децата умират, умират 1.350 луѓе годишно!“, рече Ѓуров, движејќи се кон Владата..

protest5

Пред објектот на Владата, граѓаните извикуваа: „Убијци, убијци!“.

„Немојте да си глумите, глупости се дека одите на работа пешки, ве видовме на телевизија, некои од вас кои бевте гладни, а потоа цело време ве возат со автомобили, возевте велосипед на Кеј, па потоа на велосипед не се качивте…. Поради политичари-лицемери сме тука, ако верувате во нешто – правете го, ако сакате да го водите овој народ – бидете примери, бидете луѓе кои ќе ги следат младите. Да создадеме држава што ќе биде просперитетна, а не фејк, не да глумиме со стиропор шупи, да знаете луѓе, можеби сме малку, ама секогаш малку луѓе правеле промена. Закажуваме средба во втората половина на јануари, секој од вас, секој ден, работете на ширење на свеста. И тука, наредниот пат да го наполниме целиот булевар! За чист воздух и за здрави деца!“, рече Ѓуров пред Владата.

protest9

Граѓаните имаа 17 барања: воведување на пар-непар системот за моторните возила, забрана за движење на возила без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз во текот на зимата, итна набавка и бесплатно делење на маски со потребни стандарди за заштита (со потребни димензии) за целото население (особено за деца) во Скопје, излегување на терен на зголемен број на инспекциски тела за контрола на начинот на греење на граѓаните, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се грејат на гуми и со други штетни материи, ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети кои (се сомневаме) загадуваат, привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети кои (се сомневаме) загадуваат, формирање на Кризен штаб во Центарот за управување со кризи кој ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот, запирање на сите градежни работи во Скопје, почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина, полициски контроли на возила кои носат нечистотија на гумите, особено такви кои излегуваат од градилишта, контрола дали се спроведуваат обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата од сите кои имаат обврска да го прават тоа, набавување и бесплатно делење велосипеди, донесување закон од новиот парламент за забрана на уништување на било каква вегетација – кој ќе исече дрво или ќе уништи парк, да добие затворска казна од 10 години, новиот парламент да се донесе законска регулатива според која, ако загадувањето ја надмине пропишаната граница, веднаш да мора да се преземаат мерки, стопирање на сите непотребни трошења за луксуз (Панорамско тркало, боемски улици, стиропорни фасади….) и пренамена на парите за заштита на населението, лечење на болните поради загадувањети и мерки за подобрување на состојбата и решавање на жариштата за загадување (линданот во ОХИС, насобраниот отпад во кругот на велешка топилница и други слични потенцијални, еколошки „бомби“.protest7

Незадоволните граѓан(к)и им дадоа рок на институците за преземање итни мерки за загадениот воздух до 3 јануари за првите 13 барања , за 14-тото барање им дадоа рок од 10 денови, а за последните три барања – 5 денови по конституирање на новиот парламент.

protest4

Според организаторите на протестот и присутните, револтирани граѓани, по споредбата на состојбите во Скопје (и во цела Македонија) и во Париз тврдат дека загадувањето на воздухот е најголемо досега! И до 20 пати над нормалата, над дозволеното! Порачувајќи дека не смее да се молчи, организаторите тврдат дека болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат, дека најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје. Демонстрантите ги обвинуваат локалните и централните власти дека не преземаат ништо и дека покажуваат целосна негрижа за здравјето и животот на населението.

Текст и фото: Вулнет Махмути

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 17 барањааерозагадувањееко-активистиздравјеОХИСПанорамско тркалоПротестиСКОПЈЕстиропорфејк држава
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ